Вести:
Tools
НАТО Студентската симулација PDF Печати Е-пошта
Понеделник, 02 Април 2012 00:00

Во склоп на активностите на кои работеше Евро-Атлантскиот Совет на Македонија околу Стратешкиот Концепт на НАТО 2010, по Самитот во Лисабон, ЕАСМ го имплементираше проектот По Лисабон: Новиот НАТО за новата ера – Развивање на Стратешкиот Концепт 2010 во декември 2010. Проектот се состоеше од тркалезна маса и НАТО Студентска симулација.

НАТО Студентската симулација беше проект на младината кој всушност претставуваше сценари на вистински НАТО самит со само еден предмет на агендата: усвојување на Декларација за безбедност. Учесниците на симулацијата беа студенти од универзитетите во Македонија кои беа соодветно припремени за симулацијата на која ги претставуваат земјите-членки на НАТО и меѓународните организации.

Симулацијата се одвиваше според зацртаните планови и ги исполни следните предвидени цели:

-       на студентите им беше дадена единствена можност да почувствуваат каков е процесот на носење одлуки во НАТО;

-       создаде работна атмосфера многу блиска до вистинската;

-       студентите имаа можност да истражуваат за НАТО и да ги искажат своите мислења;

-       ја подигна свеста меѓу пошироката јавност за тоа што значи интеграција и кои се придонесите на граѓаните во земјата;

-       го прикажа значењето на процесот на Евро-атлантската интеграција на македонското општество.

Специјални гости на симулацијата беа Барбара Маронкова од Секторот за јавна дипломатија на НАТО и Џузепе Белардети, поранешен претседател на ЈАТА кој ја имаше улогата на Генерален секретар на НАТО. Гостите дадоа мошне корисен придонес за симулацијата и без нивното учество симулацијата немаше да биде толку успешен настан.

Она што е битно да се напомене е дека НАТО Студентската симулација која ја организиравме е прв таков настан во земјата и имајќи го предвид интересот на учесниците и набљудувачите, како и впечатоците на претставникот на Секторот за јавна дипломатија на НАТО, овој настан има изгледи да стане традиционален проект на МЕАСМ.

 

Публикации

simulacija5