Вести:
Tools
Динамично лето за Младината на Евро – Атлантскиот Совет на Македонија (МЕАСМ) PDF Печати Е-пошта
Сабота, 07 Април 2012 00:00

За време на летниот период Младината на Евро – Атлантскиот Совет на Македонија (МЕАСМ) беше активна во неколку полиња. Помеѓу другите активности, младите имаа и можност да учествуваат на различни регионални и интернационални семинари како што се REACT 2011 и DAYS 2011.
Проектот REACT – регионален евроатлантски камп 2011 беше реализиран по 4ти пат во Црна Гора во периодот помеѓу 04.07 – 10.07.2011 во Вујче, Црна Гора и беше организиран од ALPHA центарот. REACT 2011 е организирана за младите учесници кои ги подржуваат следните идеи :промоција на политики кои охрабруваат интерес, мотивациа и желбата на граѓаните  да ги подржат политиките за регионална безбедност и соработка со иницирање на експертска јавна дебата на тема на евроатлантските вредности и цели. Предавањата на кампот беа држени од професори и гости од различни мисии во Црна Гора. Оваа година претставници од МЕАСМ беа Харис Мекиќ, Илија Ќировски и Влатко Василев.

DAYS 2011 е интернационален младински семинар организиран од Данската Атлантска Асосијација. Оваа година семинарот беше одржан во периодот од 4 – 11 Јули во Алборг, Данска на тема: НАТО: предизвиците на новата декада. За време на семинарот, професорите од различни европски универзитети, експертите и учесниците имаа одлична можност да учествуваат во дебати за новите закани со кои се соочува НАТО, Арапската пролет, исто и како Новиот Стратегиски Концепт на НАТО. Освен дебатите, учесниците имаа и уникатна шанса да бидат и дел од три дневна симулација на тема “Јужен Кавказ” и да ги демонстрираат нивните лидерски способности, исто како и споделување на искуства и стекнување знаење. МЕАСМ беше претставуван од Стефанија Маџоска.

 

Публикации

INTER