Вести:
Tools
Претставници од МЕАСМ на 2BS Форумот во Будва, Црна Гора PDF Печати Е-пошта
Вторник, 12 Јуни 2012 09:10

Во периодот од 4 до 6 јуни 2012 година, претседателот и генералниот секретар на МЕАСМ, Илија Џугуманов и Јордан Тасев учествуваа на вториот 2BS форумот во Будва, Црна Гора, кој беше организиран од Атлантскиот Совет на Црна Гора.

На форумот присустваа еминенти експерти и политички лидери од Евро – Атлантскиот регион.

Главната тема на форумот беше безбедносните предизвици – Самитот во Чикаго: Што може Западен Балкан да понуди?

Во текот на конференцијата беа дискутирани и многу други актуелни теми кои го засегаат Евро – Атлантскиот регион како: Smart Defence концептот, последиците од Арабската пролет, справувањето на Европа со новите безбедносни предизвици по економската криза, улогата на вооружените сили во кризниот менаџмент.

 

Публикации

youth-thumbnail