Вести:
Tools
Младите атлантисти со ново раководство PDF Печати Е-пошта

Младината на Евро – Атлантскиот Совет на Македонија вчера на 18.01.2012 година во амфитеатарот на Американ Колеџ-Скопје го одржа своето редовно Годишно собрание.



На Годишното собрание беа разгледани и усвоени Извештајот за работата на организацијата и Програмата на МЕАСМ за 2012 година. Во однос на двата документа, беше отворена широка дискусија од страна на присутните.

На Годишното собрание на Младината на Евро – Атлантскиот Совет на Македонија (МЕАСМ) воедно беше избрано и новото раководство на МЕАСМ:

-    Претседател: Илија Џугуманов
-    Потпретседатели: Стефанија Маџоска и Емир Бериша
-    Генерален секретар: Јордан Тасев



Новото претседателство го сочинуваат 15 млади атлантисти при што се запазија критериумите за родова еднаквост и застапеност на сите Универзитети од државата.

Свое обраќање на Годишното собрание имаше и претседателот на Евро – Атлантскиот Совет на Македонија, г-дин Лазар Еленовски.

 

 

Публикации

INTER