Вести:
Tools
Делегација на МЕАСМ во посета на Брисел PDF Печати Е-пошта

Делегација на Младината на Евро-Атлантскиот Совет на Македонија на покана на Секторот за јавна дипломатија  на НАТО во периодот од 22 до 25 јануари 2012 година, беше  во посета на седиштето на НАТО во Брисел, како и на Врховниот штаб на сојузничките сили во Европа.




Делегацијата во седиштето на НАТО, имаше брифинзи и дискусии со високи претставници на НАТО. Првиот брифинг во седиштето НАТО беше посветен на актуелните политички прашања и претстојниот самит во Чикаго, од страна на Александрос Папајану од канцеларијата на Генералниот секретар, единица за планирање на политиките. За време на едночасовната сесија, учесниците имаа можност да слушнат нешто повеќе за улогата на новиот концепт од Лисабон, како и за она што ќе биде приоритет на агендата во Чикаго.

Следната дискусија беше посветена на земјите од Западен Балкан. Претставници на НАТО по однос на оваа тема беа Барбора Маронкова, Регионален коордниатор за Јавна дипломатија и Лори Вокер, офицер за балканот, за политички прашања и безбедносна политика.  Попладневната сесија беше посветна на Авганистан, на која беше присутен Даниеле Риџо, офицер задолжен за Афганистан.

Исто така,  беа остварени средби со претставник на мисијата на САД во НАТО, Џои Дејвис и беше посетена изложбата на чешката делагација на тема” Безбедноста не ни е подарена”, кој беше отворен од Колинда Грабер, заменик генерален секретар за јавна дипломатија. Денот беше завршен со тркалезна маса посветена на јавната дипломатија и новите медиуми, по што следеше средба со претставници на македонската мисија во НАТО.

Посетата на Врховниот штаб беше исто така на високо ниво. Две сесии беа одржани, првата посветена на структурата и соработката помеѓу НАТО, Врховниот штаб и оперативната команда, додека пак втората сесија беше посветена на НАТО операциите. Третата средба беше посветена на прашања и  одговори, и беше особено корисна за младите атлантисти.
За време на неформалниот дел, младите атлантисти имаа можност да се дружат со претстaвници на YATA. Беа разгледани можости за понатамошна соработка и активности, беше презентирана и досегашната работа која наиде на позитивни оценки и од колегите од Црна Гора, и од македонските преставници во НАТО и SHAPE.

Оваа посета претставуваше и одлична можност за јакнење на тимската работа на новозибраното Претседателство на МЕАСАМ.

 

 

 

 

Публикации

simulacija5