Вести:
Tools
YATA Семинар за лидерство и менаџмент PDF Печати Е-пошта
Среда, 04 Јули 2012 14:11

 

Младината на Светската Атлантската Асоцијација (YATA) од 17-20 јуни го одржа својот прв YATA Семинар за лидерство и менаџмент кој се одржа во Брисел.



Во првите два дена од семинарот беа вклучени интерактивни сесии поврзани со прашања на организациско унапредување и развој на политики. Семинарот собра претставници од 9 национални организаци. YATA учесниците се собраа да дискутираат главно за иднината на YATA, како и имплементација на нови иницијативи.

Голем дел од програмата беше посветен на работилници за развој на стратегии и акциони планови предводена од Ванеса Фероне, аналитичар за проекти во градот Торонто. Во прилог на работилниците и дискусиите, беше одржано предавање за организација и управување на мултинационални проекти од страна на д-р Холгер Бахле, НАТО стаф за одбранбена политика и планирање.

На претходниот семинар во Будва, Црна Гора, многу од YATA претставниците беа од Југоисточна Европа (ЈИЕ) но не се имаа сретнто едни со други претходно. Токму затоа, претседателот на YATA Македонија, Илија Џугуманов, во соработка со други претставници од регионот и YATA, формулираше предлог проект за воспоставување на YATA работна група за Југоисточна Европа.

Младинската работна група беше официјално претставена на пролетниот состанок на Советот на АТА кој се одржа во Брисел од 19-20 јуни, каде присуствуваа YATA делегатите.

Пролетниот состанок на Советот на АТА е местото каде 37 претседатели и директори во застапеност на сите АТА земји се состанаа да разговараат за случувања во рамките на АТА. Исто така, беше повод за YATA и АТА делегатите да се сретнат со високи претставници на НАТО и ЕУ.

 

Публикации

simulacija5