Вести:
Tools
DAYS 2012 PDF Печати Е-пошта
Вторник, 24 Јули 2012 13:14

27от Дански Атлантски Младински Семинар се одржа од 2-8 Јули 2012, традиционално во Авио- базата во Алборг.



За 7 дена, учесниците имаа можност да слушнат предавања од признати и реномирани предавачи, да ги дискутираат произлезените теми, и за крај- да учествуваат во дводневната симулација на темата: Кризата во Јужен Кавказ.

Предавањата беа сеопфатни и интерактивни и секој ден беше посветен на различна тема. Дискутираните теми покриваа области кои моментално се наоѓаат во фокусот на меѓународната политика и одбрана, како: Одговорот на НАТО на новите закани, ОН и меѓународната безбедност- идните предизвици, Нови начини на војување и нивното значење во воената етика, Арктикот како нова сфера на интерес, Иднината на безбедноста во Авганистан, Smart Defence, итн.

На крајот на секој ден, беа отворани дискусии меѓу предавачите и 25 учесници, кои доаѓаа од 17 земји. Последните два дена беа посветени на симулација на кризата во Јужен Кавказ, што претставуваше интерактивен пристап, како и тест на дипломатските способности на учесниците.

На крајот на секој ден, беа организирани голем број на социјални активности, како посета на градот Алборг, тура низ Авио- базата во Алборг, посета на Скаг- најсеверната точка во Данска, каде се спојуваат Балтичкото и Северното море, итн.

ЈАТА Македонија беше претставена од Ана Франгова.

 

Публикации

youth-thumbnail