Вести:
Tools
Евро-Атлантскиот Совет на Македонија на меѓународна конференција за безбедност во Анталија pdf Shtyp Email
E premte, 03 Dhetor 2010 09:59
There are no translations available.

Во периодот од 3 до 5 декември 2010 година делегација на Евро-Атлантскиот Совет на Македонија (ЕАСМ) предводена од претседателот Лазар Еленовски, ќе земе учество на меѓународната конференција „Новиот Стратешки Концепт и НАТО кон 2020“ која се одржува во Анталија, Турција на покана на Атлантскиот Совет на Турција.  
Конференцијата за безбедност и соработка во Анталија традиционално се одржува од 1990 година и претставува еден од најголемите форуми во евроазискиот регион за дискусија на трансатлантските прашања, меѓународната безбедност и развој на кој учествуваат владини претставници, експерти и академската заедница.

Конференцијата ја организира Атлантскиот Совет на Турција со поддршка на Големото Собрание на Република Турција.
Темите на конференцијата се посветени на новиот Стратешки концепт на НАТО кој се усвои на Самитот на Алијансата во Лисабон во ноември 2010 година и неговото влијание на глобалните безбедносни текови и меѓународни односи во 21-от век.

Во рамки на конференцијата свои обраќања ќе имаат министерот за одбрана на Турција Веџди Ѓонул, високи државни претставници на Турција, амбасадори на земјите членки во НАТО, дипломатски претставници, атлантските асоцијации, тинк тенк организации и претставници на академската заедница.

Учесници на конференцијата се делегации и претставници од земјите во Европа, Арапскиот свет, Централна азија и Африка.

 

PUBLIKIMET

3natosim