Вести:
Tools
Љубе Дукоски pdf Shtyp Email
There are no translations available.

Ljube Dukoski

Љубе Дукоски
е роден на 14 март 1954 година во Струга.   Својата едукација ја има комплетирано во Кралскиот Колеџ за одбранбени студии Сифорд Хаус во Лондон и магистратурата  на Кингс Колеџот, Универзитетот Лондон. Во текот на својата кариера има реализирано и многу специјалистички курсеви во полето на воени способности, безбедносна и одбранбена политика како и Курсот за безбедносна и одбранбена политика и планирање во Европскиот Центар за безбедносни студии Џорџ Маршал во Гармиш – Партенкирхен во Германија.

Во својата професионална кариера е континуирано вклучен во градењето и развојот на одбранбените институции. Од 1992 до 1998 година е командант на логистички батаљон каде е активно вклучен во развојот на копнените воени способности на тактичко ниво. Во периодот од 1998 до 2002 година е вклучен како клучен експерт во планирачкиот процес на националната одбрана на оперативно и стратегиско ниво. Во периодот од 2002 до 2006 година е заменик воен претставник и воен советник во НАТО во Брисел. Од 2006 година до 2011 работи како раководител на секторот за политика планирање, а од тогаш наваму и како Директор за политика, планирање и финансирање во Министерството за одбрана на РМ.
Од 2012 година се вклучува и во активностите на Евро – Атлантскиот Совет на Македонија, најпрво во подготовката а потоа и како проект директор на еден од најголемите проекти на ЕАСМ “Sustained Emergency Relief – Regionally Developed Capacities” поддржана од НАТО програмата за наука и мир.

Од јуни 2014 година е избран и за потпретседател на Евро – Атлантскиот Совет на Македонија.

 

PUBLIKIMET

3natosim