Вести:
Tools
Новите жени/мажи демократи од Западен Балкан pdf Shtyp Email
E hanë, 26 Tetor 2020 14:19
There are no translations available.

Зголемување на Младинската Партиципација во Демократијата

3Проектот “Новите жени/мажи од Западен Балкан – Зголемување на Младинската Партиципација во Демократијата“, кој што е поддржан од Вишеградскиот Фонд, воден од страна на  Хуманитарност во Акција Босна и Херцеговина и партнерските организации од Полска, Црна Гора, Словачка, Северна Македонија, Унгарија и Чешка Република, цели кон подигање на свеста на младината од Западен Балкан за демократските процеси и кон зголемена младинска партиципација во процесите на креирање политики.

Фокус на проектот

На младите луѓе им недостасува знаење, вештини и компетентност за да се вклучат активно во политичките процеси, што често придонесува кон тоа тие да се чувствуваат оттуѓено од власта, јавните политики и институциите.

Базирано на бројни студии, мнозинството од денешната младина во ЕУ и Западен Балкан е најмалку политички ангажирана генерација – формално и неформално. Тие најчесто тврдат дека властите не се грижат за нивните потреби и проблеми и дека младите луѓе не можат воопшто да влијаат врз моменталната насока на нивната држава – нивниот глас не се слуша дури ни за време на изборите поради ниското ниво на младинска партиципација во овој процес. Младите тежнеат да се заинтересирани за една тема како што се на пример: климатските промени, сиромаштијата, индивидуалните слободи, правата на ЛГБТИ+ заедницата итн, што автоматски не значи и нивен глас на изборите. Младината станува се повеќе социјално пасивна и одвоена од локалните и национални политики.

Преку овој проект, младите ќе имаат можност да:

-     бидат вклучени во различни вистински државно - политички прашања;
-    решаваат проблеми со кои се соочува државата (моделирано според различни реални проблеми);
-    научат за важноста на лидерството, организацијата и вклученоста во локалниот и национален активизам и
-    да ги адаптираат нивното знаење и вештини со цел да постанат активни граѓани кои што ја промовираат демократијата.
Нашата цел е да се бориме против апатијата, безнадежноста, разочарувањето и песимизмот помеѓу младите луѓе и да им дадеме храброст и волја да се борат за нивните каузи.

1

Проектни Модули

Вкупно 108 активни и аспирантни млади лидери (18-30 години) од Босна и Херцеговина, Црна Гора и Северна Македонија, кои што се ученици, студенти или вработени во цивилниот, државниот или бизнис секторот, ќе земат учество во три состаноци (два он-лајн состаноци и завршен настан во Сараево), кои што пак се составени од седум модули (2-3 по состанок):
-    Вовед во демократијата (политички процеси и администрација),
-    Поврзување на практично законодавство (влијание на законодавството врз социјалниот систем, бизнис климата, итн.),
-    Локал-политика (вертикална поделба на моќ и надлежности),
-    Активен цивилен сектор (човечки права и чувари на демократијата),
-    Комуникација и Кампањи (етика и интегритет, јавно говорење и политички маркетинг),
-    Проект Менаџмент (менаџмент, прибирање средства, мапирање на засегнати страни),
-    Критичко размислување (аргументирање и лажни вести).

2

Проектни Активности

За време на имплементацијата на проектот, учесниците ќе развијат свои иницијативи во форма на видеа, фото – репортажи, блогови, презентации или било која друга форма која што тие ќе ја изберат, во кои ќе бидат содржани сугестиите на младите лидери за решенија на проблемите кои тие претходно ги идентифицирале како постоечки во нивните држави.
Учесниците ќе бидат охрабрувани да организираат предавања во склоп на нивните училишта, универзитети или младински центри, чија тема ќе бидат модулите на овој прокет. Следствено, тие ќе бидат наградени со бонус поени со цел нивна понатамошна мотивација.
На завршната работилница во Сараево, учесниците ќе ги презентираат резултатите од проектот, нивните мини-проекти и нивните идеи во врска со тоа како потенцијално да се реформираат државите од кои доаѓаат.

За повеќе информации, Ве молиме контактирајте ја Вероника Кусојова, Проект Соработник на Ky email po mbrohet prej spambots-ave, të duhet JavaScript me e pa

 


Овој проект е поддржан од:

VisegradFund logo

 


Проектот е во партнерство со:

 

1 2 3

 

 

4   5   6