Нов истражувачки проект на ЕАСМ во партнерство со GLOBSEC |
![]() |
E martë, 13 Mars 2018 10:18 |
АТА Македонија во соработка со GLOBSEC Policy Institute од Република Словачка спроведува истражувачки партнерски проект насловен: “Справување со дезинформациите во Централна и Југоисточна Европа: Мапирање на потребите, градење на капацитети, и генерирање на граѓански активизам”, кој е поддржан од Стејт Департментот на САД, а во кој ќе бидат вклучени 8 земји/организации. Проектот кој е составен од три фази е предвиден да трае до ноември 2018 година и да опфати деск истражување, мапирање на потребите на граѓанските организации и квалитативна анализа на фокус групи, дводневен тренинг за организациите воден од врвни американски експерти, како и меѓународен натпревар и јавна кампања. |