Вести:
Tools
You are here: Почетна|QENDRA E MEDIAS|Lajme/Të reja|Дипломатска дискусија „Патот до Брисел“ по повод Денот на НАТО 2019
Дипломатска дискусија „Патот до Брисел“ по повод Денот на НАТО 2019 pdf Shtyp Email
E enjte, 04 Prill 2019 13:30

Оваа година, кога Алијансата слави 70 години од своето постоење и кога Република Северна Македонија е на пат да стане 30та членка на НАТО, АТА Македонија во соработка со Амбасадата на Република Словенија (НАТО Контакт Амбасада) и Министерството за Одбрана  организираше дипломатска дискусија насловена “Патот до Брисел”. Настанот се одржа во Свечената Сала на  Владата на Република Северна Македонија, на 3ти  Aприл 2019 (среда) со почеток од 12:00 часот

2

Целта на настанот беше да се испрати силна порака до земјите членки на НАТО, што побрзо да се завршат правните процедури и да се ратификува протоколот за членство во НАТО, а со тоа Република Северна Македонија да стане полноправна членка пред Самитот на НАТО кој ќе се одржи во декември 2019. Овој настан исто така имаше и информативен карактер со цел запознавање на пошироката јавност и медиумите со развојот и напредокот на државата во изминатата година, во смисла на НАТО членството, како и со активностите на организацијата на ова поле.

Воведни обраќана на настанот имаа претседателот на АТА Македонија, г-дин Рамадани, Претседателот на Владата, г-дин Зоран Заев, Заменичката на Претседателот на Владата и Министерка за Одбрана, г-ѓа Радмила Шеќеринска и H.E. Д-р Милан Јазбец, Амбасадор, Амбасада на Република Словенија (како домаќин на настанот).

4

Во вториот дел, следеше дипломатска дискусија на која дискутираа сите амбасадори на земјите членки на НАТО во Република Северна Македонија, како и Шефот на НАТО Канцеларијата за врски во Скопје, Полковник Зоран Јанковиќ.

Г-дин Исмет Рамадани, Претседателот на АТА Македонија, ја отвори дискусијата и ги поздрави напорите на Владата на Република Северна Македонија што придонесе нашата идеја и заложба да се оствари и Северна Македонија да стане 30тата полноправна членка на НАТО. Воедно тој ја изрази својата благодарност до земјите кои веќе го ратификувалр протоколот и кои се позитивен пример за останатите земји членки.

1

Претседателот на Владата, г-дин Зоран Заев, во своето обраќање истакна дека членството на нашата земја дополнително ќе придонесе за стабилноста и безбедноста во Југоисточна Европа и ќе има клучна улога во создавањето на нова, позитивна слика за регионот.

“Нема никакво сомневање дека членството во НАТО за нашата земја е гаранција за перспектива на безбедност и стабилност. Дополнително, тоа ги отвора хоризонтите за поголема предвидливост и јасна иднина за нашиот политички и економски прогрес.”, истакна Премиeрот Заев.

3

Вицепремиерката и министерка за одбрана Шекеринска во својот говор истакна дека денешната ситуација кога Северна Македонија се наоѓа пред исполнувањето на својата стратешка цел, да стане 30-а членка на НАТО, пред само една година изгледала нереална и преоптимистичка, но резултатите и прекумерната работа го докажуваат спротивното.

“Работевме напорно на домашни реформи, на реформите во одбраната и со аргументи успеавме да ги убедиме и најголемите скептици дека оваа земја може да се трансформира, да отскокне од една кризна ситуација и да понуди модел на поинакво однесување на Балканот“, рече Mинистерката Шекеринска.

6

Словенечкиот амбасадор Милан Јазбец, кој е и контакт амбасадор на НАТО во земјава, истакна дека досега не се случило ниту една земја да има девет ратификации на Протокол за пристапување во Алијансата за само два месеци, како што е случакјот со Северна Македонија. За него, ова е најдобар момент за пристапување на Северна Македонија во НАТО, бидејќи ова е симболична година, кога се одбележува 70 години постоење на Северноатлантската алијанса.

5

Присутните дипломати во продуктивната дискусија изразија безрезервна поддршка за остварување на евроатлантските аспирации на земјата и заложбите на Владата на Северна Македонија за продолжување на реформските процеси и остварување на евроатлантските цели на земјата. Како новина, беше информацијата на Полскиот Амбасадор дека Полска следниот ден ќе го ратификува Протоколот за членство во НАТО на Република Северна Македонија.

 

PUBLIKIMET

scholl dizajn web