Вести:
Tools
You are here: Почетна|QENDRA E MEDIAS|Lajme/Të reja|ГЛОБСЕК ФОРУМ 2019
ГЛОБСЕК ФОРУМ 2019 pdf Shtyp Email
E premte, 21 Qershor 2019 07:42

Г-дин Илија Џугуманов од Претседателството на АТА учествуваше на ГЛОБСЕК Форумот 2019 насловен: „Навигација низ нарушувањата“, кој што се оддржа во Братислава, Словачка од 6ти до 8ми јуни, 2019. Настанот обедини повеќе од 100 говорници од највисоки профили и над 1000 учесници од 65 држави низ светот.

IMG 8729

ГЛОБСЕК е непартиска, невладина организација базирана во Братислава, Словачка. Една од главните активности на организацијата е годишниот ГЛОБСЕК Братислава Глобален Безбедносен Форум. Од своето основање во 2005, овој Форум се оддржува секоја година во Братислава и стана еден од петте најдобри безбедносни конференции на светско ниво. Главните теми ја покриваат безбедноста, трансатлантската соработка и меѓународните односи.

На овогодинешниот Форум, г-динот Џугуманов имаше прилика да учествува на отворени и затворени сесии и состаноци, како и да разговара со некои од најважните политички фигури од регионот и пошироко. За време на паузите, тој ја искористи можноста да лобира за нашата држава во насока кон побрзо ратификување на НАТО Протоколот за Пристапување од страна на земјите кои сеуште тоа не го сторија. Исто така, со оглед на тоа дека Форумот се оддржa пред претстојниот состанок на Советот на ЕУ, г-дин Џугуманов ја искористи можностаи присуството на некои од најважните политички претставници, да поразговара со нив во врска со позитивен одговор и исход, односно добивање на конечен датум за преговори со Унијата.

Целосната Агенда од настанот можете да ја погледнете тука.

IMG 4330 1

IMG 4327

IMG 4328

IMG 4329

 

PUBLIKIMET

scholl dizajn web