Вести:
Tools
You are here: Почетна|QENDRA E MEDIAS|Lajme/Të reja|70 години заедничка безбедност и одбрана на НАТО: 1-ва меѓународна YATA Академија, Тирана, Албанија
70 години заедничка безбедност и одбрана на НАТО: 1-ва меѓународна YATA Академија, Тирана, Албанија pdf Shtyp Email
E shtunë, 14 Dhetor 2019 13:48

По повод седумдесетгодишнината  од колективната безбедност и одбрана на НАТО, беше одржана првата меѓународна академија во Тирана, Албанија, организирана од YATA АЛБАНИЈА и меѓународната YATA. Проектот беше поддржан од Одделот за јавна дипломатија на НАТО. Три дена на активности со претставници од различни академски области како и политичари и дипломати. Академијата беше одржана во периодот 8ми-11ти Декември 2019.

Во текот на трите дена активностите се одржаа во градскиот Совет на Тирана, кабинетот на Премиерот, Европскиот университет во Тирана, Парламентот на Република Албанија. Исто така беше организирана и културна посета во музејот Бункарт.

Претставници од АТА Македонија присуствуваа на Академијата како учесници.

1
Градоначалникот Н. Е. Ерион Велиај

Воведниот говор го одржа Градоначалникот на Општина Тирана, Н. Е. Ерион Велиај, насловен како: „Улогата на младите во домашната и меѓународната политика. Примерот со Тирана.“

Првиот ден учесниците присуствуваа на панел дискусија со добро познати личности и политички фигури како како Јуџина Ѓони (меѓународната YATA ), г-ѓа Мими Кодели (економист и политичар- првата жена Министер за одбрана во Албанија), Одета Барбулуши (советник на Премиерот и национален координатор за Регионалната економска зона) и Беким Максути (заменик-министер за одбрана на Северна Македонија). Панелот беше доста успешен,  имаше многу прашања и дискусии од страна на панелистите и присутните.

2
Јуџина Ѓони, Мими Кодели, Одета Барбулуши, Беким Максу

3
Елон Љатифи- АТА Македонија

Вториот ден од Академијата беше одржан на Европскиот универзитет во Тирана. Имаше две панел дискусии тој ден. На првиот панел присуствуваа министрите за Одбрана на Албанија и Северна Македонија, г-дин Петро Кочи и г-дин Беким Максути, раководителот на Одделот за НАТО во Министерството за Европа и надворешни работи, г-дин Платор Калакула и поранешниот Министер за  надворешни работи, г-дин Ариан Старова, кои зборуваа за „НАТО како најуспешна глобална организација во своите 70 години постоење и идните закани за предизвикот на Алијансата“, модериран од страна на Симоне Зукарели од YATA Италија.

4
Платор Калакула, Ариан Старова, Петро Кочи, Беким Максути, Симоне Зукарели

5
Арта Ќерими, Беким Максути, Елон Љатифи (АТА Македонија)

На вториот панел се дискутираше на теми како „Жените, мирот и безбедноста“, „Младинско учество“, односите НАТО-Русија“,  „Лажни вести и штетно влијание“ како и „Сајбер-безбедносни закани“, итн. Панелисти беа г-ѓа Едлира Чепани, г-ѓа Вилма Томчо, г-ца Етлева Смачи и г-дин Дино Крќиќ. Модератор беше Елвисјана Хисенај.

6
Етлева Смачи, Вилма Томчо, Дино Крќиќ, Едлира Чепани, Елвисјана Хисенај

7
Панелисти


На третиот ден панелисти беа заменик-претседателот на Комитетот за надворешни работи г-дин Ралф Ѓони, Адмирал Чезаре Чиока од италијанскиот Атлантски совет и заменик-претседателот на  АТА на Србија г-дин Светислав Влаиниќ.

8
Ралф Ѓони, Чезаре Чиока, Јуџина Ѓони, Светислав Влиниќ

9
Панелисти и учесници

Како интерактивна активнос, YATA Албанија и YATA Италија ја организираа првата НАТО симулација во Тирана.

10
 Учесници

11
Учесници

12
Симоне Зукарели, Јуџина Ѓони, Фабрицио Луч

13
Учесниците со претседателот на АТА Италија, г-дин Фабрицио Лучиоли

На последниот ден од Академијата, на учесниците им беа доделени сертификатите од страна на Јуџина Ѓони, проектен директор на првата МЕЃУНАРОДНА YATA Академија во Албанија и Симоне Зукарели, претседател на меѓународната YATA. Претседателот на меѓународната АТА, г-дин Фабрицио Лучиоли беше присутен на завршната конференција.

Претставници од АТА Македонија беа Христијан Лазаревски, Елон Љатифи и Арта Ќерими кои исто така се членови на YATA Македонија.

14
Учесниците ги примаат сертификатите

Градоначалникот Н. Е. Ерион Велиај

 

PUBLIKIMET

youth empowerment