Вести:
Tools
You are here: Почетна|QENDRA E MEDIAS|Lajme/Të reja|Република Северна Македонија, 30-та земја-членка на НАТО
Република Северна Македонија, 30-та земја-членка на НАТО pdf Shtyp Email
E mërkurë, 01 Prill 2020 12:24

1

Република Северна Македонија, на 27 март 2020 година конечно стана полноправна членка на Алијансата по депонирањето на инструментот за пристапување кон Северноатлантскиот Договор во американскиот Стејт Департмент во Вашингтон. Сојузниците на НАТО пактот го потпишаа Протоколот за Пристапување на Република Северна Македонија во февруари 2019 година, по што сите 29 национални парламенти гласаа за ратификување на членството на земјата.

На 30 март 2020 година во седиштето на НАТО во Брисел се одржа церемонија на подигнување на знамето на Република Северна Македонија, на којашто присуствуваа генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, Претседателот на Воениот комитет на НАТО Маршал Сер Стјуарт Пих и в.д. Амбасадорот на Делегацијата на Република Северна Македонија во НАТО, г. Зоран Тодоров. Знамето на нашата држава беше истовремено подигнато во Сојузничките командни операции во Монс (Белгија) и во Сојузничката командна трансформација во Норфолк (САД). Знамето на Северна Македонија се виори гордо до знамињата на другите 29 членки. Ова е вистински момент на славење, момент  кој сите го чекавме многу години. Патот за членство беше долг и предизвиците беа бројни, но со храброст и решеност ја постигнавме целта.

Безбедноста што ја обезбедува членството во НАТО е единствена во светот. Таа безбедност е основа на трансатлантската стабилност и просперитет повеќе од 70 години. Во членот 5 од Северноатлантскиот Договор се вели дека нападот врз еден член е напад врз сите. Отсега Северна Македонија секогаш ќе ја има целосната поддршка од 29 сојузници.

2

И НАТО и Северна Македонија имаат взаемна корист од членството на земјата. Вооружените сили на државата секојдневно даваат активен придонес кон меѓународниот мир и безбедност. Тие служат во Авганистан и и даваат огромна поддршка на НАТО мировната мисија на Косово.
Северна Македонија сега е дел од семејството на НАТО, семејство составено од триесет нации и скоро една милијарда граѓани. Семејство засновано на фактот дека, без оглед со какви предизвици се соочуваме, сите заедно сме посилни и побезбедни.

Една од целите на Евро - Атлантскиот Совет на Македонија од основањето на организацијата е конечно остварена.

Не беше лесна задача, со оглед на тоа дека организацијата ја промовираше интеграцијата на земјата во НАТО од 1993 година, дури и во тешки времиња и во времиња кога мислењето на пошироката јавност за интеграцијата во НАТО не беше позитивно.

Ние како организација, сме горди на нашата работа и ќе продолжиме да ги шириме евро-атлантските идеи и вредности со ист интензитет во иднина. Воедно би сакале да изразиме благодарност на сите наши членови, поддржувачи и пријатели, за нивниот несомнен придонес во остварување на заедничката цел.

Добредојде во семејството на НАТО, Република Северна Македонија!

#WeAreNATO

3

 

PUBLIKIMET

youth empowerment