ПОВИК ЗА УЧЕСНИЦИ: НАТО АКАДЕМИЈА 2020 Shtyp
E mërkurë, 14 Tetor 2020 10:45

baner hor

Евро – Атлантскиот Совет на Македонија воден од огромниот интерес и успех на Првата НАТО Школа за Одбрана, Безбедност и НАТО интеграции, и поттикнат од општиот интерес за младинските проекти и активности на организацијата кои досега ги организираше во државата, ја организира:
Втората НАТО Академија

Главната цел на НАТО Академијата 2020 е да направи значителен придонес кон интеграциските процеси и воедно да ги засили реформите и правните реформи преку средства за едукација во областа на безбесноста на долг рок, како и да креира платформа за дебата и дискусија.

Академијата ќе биде од едукативен и информативен карактер и ќе опфати практична компонента со што ќе биде овозможено студентите да станат запознаени со темите како што се НАТО, безбедност, одбрана и меѓународна политика. Оваа 15 неделна Академија ќе ги покрива области од безбедноста, одбраната и НАТО интеграционите процеси, улогата и начинот на функционирање на Армијата на Република Северна Македонија, учеството во меѓународни мисии, родовите аспекти кај одбраната и теми поврзани со безбедносните закани на денешницата како што се сајбер и хибрид заканите.

Кои се придобивките?

Учесниците ќе се здобијат со теоретско и практично знаење во повеќе области како што се НАТО, безбедност, одбрана и дипломатија; тие ќе имаат можност да присуствуваат на предавања на горенаведените теми и да учествуваат во дебати и дискусии. Доколку е возможно, со оглед на ситуацијата и рестрикциите предизвикани од КОВИД-19 пандемијата, учесниците исто така ќе бидат дел и од неколку студиски посети каде што ќе добијат информации, ќе зборуваат лице-в-лице со членови на Армијата и високи претставници од Министерството за Одбрана на Република Северна Македонија, каде што ќе се запознаат со основните одговорности и обврски на Армијата. Успешното завршување на Акаедмијата ќе биде наградено со Сертификат, а најактивните учесници ќе добијат можност за директно учество во следниот традиционален настан организиран од АТА Македонија: 8та НАТО студентска симулација која што ќе биде оддржана до крајот на 2020 година.

Услови – критетиуми за учество

Учесниците треба да се ученици од средно образование или студенти на додипломски или мастер студии (18 – 30 годишна возраст), државјани на Република Северна Македонија, заинтересирани за областите на безбедност, меѓународни односи и НАТО.

Поголемиот дел од Академијата ќе биде оддржан онлајн, но сепак ќе има интерактивен карактер и ќе биде оддржувана на различни локации со цел да понуди визуелни и практични активности, покрај теоретските.*

Сите потребни материјали за подготовка на апликантите, насоки и комуникациска стратегија ќе бидат навремено обезбедени, од страна на претставници на Евро – Атлантскиот Совет на Македонија.

Како да се пријавите?

Заинтересираните кандидати, треба да аплицираат онлајн на Ky email po mbrohet prej spambots-ave, të duhet JavaScript me e pa   најдоцна до 26 октомври 2020 (Понеделник) до 15:00h, со наслов на е-маилот “Апликација за НАТО Академија2020”. Дополнително, треба да достават кратка биографија и мотивационо писмо за учество (до 300 збора).

Поради ограничените капацитети на Акадамијата, апликациите ќе бидат прифаќани според принципот прв пријавен - прв примен, испратете ја Вашата апликација во што пократок рок. Доколку имате потреба од дополнителни информации, контактирајте ја Канцеларијата на Евро- Атлантскиот Совет на Македонија на 02/316 22 21 или на Ky email po mbrohet prej spambots-ave, të duhet JavaScript me e pa .
Академијата официјално ќе започне на почетокот на Ноември.
Најактивните учесници ќе имаат можност да добијат директен прием за 8мата НАТО Студентска Симулација.

Втората НАТО Академија 2020 е спонзорирана од НАТО Одделот за Јавна Дипломатија.


*Важно известување: Поради непредвидливоста на околностите предизвикани од КОВИД-19 пандемијата, Евро – Атлантскиот Совет на Македонија го задржува правото да ја преиначи природата на НАТО Аакдемијата 2020 од лично во онлајн во секое време.

baner