Вести:
Tools
You are here: Почетна|QENDRA E MEDIAS|Lajme/Të reja|ОФИЦИЈАЛНО ОТВАРАЊЕ НА ВТОРАТА НАТО АКАДЕМИЈА 2020
ОФИЦИЈАЛНО ОТВАРАЊЕ НА ВТОРАТА НАТО АКАДЕМИЈА 2020 pdf Shtyp Email
E enjte, 05 Nandor 2020 14:33

Во организација на Евро – Атлантскиот Совет на Македонија, на 05.11.2020 (Среда) официјално беше отворена втората “НАТО Академија 2020“. Поради моменталната ситуација предзвикана од КОВИД – 19 пандемијата и согласно со препораките на државните и здравствените власти, Академијата беше оддржана онлајн преку платформата ZOOM.

Screenshot 154

Настанот започна со краток вовед и запознавање со агендата од страна на г-дин Илија Џугуманов од Претседателството на АТА Македонија, а потоа го најави Претседателот на Република Северна Македонија, Н.Е. Стево Пендаровски кој што официјално ја отвори оваа Академија и оддржа воведно предавање.

Тој посочи на фактот дека земјата формално е членка на НАТО од март годинава и истакна дека како држава ќе го зајакнеме значајно нашето присуство во воениот и во цивилниот дел во седиштето на Алијансата во Брисел. Во оваа насока, како што рече, следната недела во НАТО заминува Амбасадорот на земјава во Алијансата.

Во однос на реформите во нашата Армија, Пендаровски изјави дека „тие продолжуваат и натаму имајќи предвид дека како нови членки на најголемиот политичко – воен сојуз сме должни да ги спроведеме, а за динамиката на спроведување постојано сме и мониторирани”. Истовремено, како што додаде претседателот Пендаровски „се обврзавме дека од 2024-тата година, ќе издвојуваме по 2% од БДП за Армијата”.

Осврнувајќи се на учеството на припадниците на Армијата во мировни мисии на НАТО, Пендаровски истакна дека неодамна 44 војници и старешини заминаа во мисијата на КФОР на Косово: “Учеството во оваа конкретна мисија е особено важно за регионалната стабилност и безбедност. Верувам дека со нашето пристојно учество, како нова земја членка на НАТО, ќе придонесеме кон постигнување на оваа цел. Бидејќи крајната цел на мисијата на КФОР на Косово е токму стабилност на целиот регион.“, рече Пендаровски.

Во своето предавање, Претседателот се осврна и на улогата на НАТО во спречување и намалување на последиците од т.н. Хибридни закани, коишто претставуваат најнов облик на безбедносни закани:

“Една од големите придобивки од нашето членство во НАТО е тоа што Република Северна Македонија е дел од механизмот за размена на информации. Тој механизам овозможува земјите членки на НАТО, но и оние коишто не се дел од Алијансата меѓу себе да разменуваат важни информации коишто помагаат, да речеме во некоја истрага за меѓународен тероризам. Се разменуваат и информации коишто би спречиле и одредени напади. И ова е една од големите придобивки од нашето членство во НАТО.“ потенцираше претседателот Пендаровски.

nato academy 2020 pr1

По официјалното обраќање, учесниците на НАТО Академијата имаа исклучителна можност повеќе од час и половина да дискутираат и поставуваат прашања до Претседателот поврзани со безбедноста, Армијата и НАТО интеграциите, што предизвика успешна дебата за времетраењето на овој дел од вчерашното предавање.

nato academy 2020 pr2

НАТО Академијата 2020 вклучува 45 млади учесници (млади професионалци и студенти), државјани на Република Северна Македонија на возраст од 16 до 35 години, од најразлични Универзитети и институции од земјава и странство.

Овој проект е поддржан од НАТО Секторот за Јавна Дипломатија.

Screenshot 156

 

 

PUBLIKIMET

3natosim