Вести:
Tools
You are here: Почетна|QENDRA E MEDIAS|Lajme/Të reja|НАТО АКАДЕМИЈА 2020 – Улогата на АТА/ЈАТА во контекст на НАТО и атлантицизмот како вредност
НАТО АКАДЕМИЈА 2020 – Улогата на АТА/ЈАТА во контекст на НАТО и атлантицизмот како вредност pdf Shtyp Email
E premte, 20 Nandor 2020 18:10

Предавањето на НАТО Академијата 2020 на тема „ Улогата на АТА/ЈАТА во контекст на НАТО и атлантицизмот како вредност “ со г-ѓа Моника Беговиќ, Генерален Секретар на АТА и г-ѓа Јуџина Сотири Џони, Претседател на ЈАТА беше оддржано на 18ти ноември 2020 (Среда) со почеток во 14 часот. Поради моменталната состојба предизвикана од КОВИД-19 пандемијата и во согласност со препораките на државните и здравствените власти, ова предавање беше оддржано онлајн преку платформата ZOOM.

jj

Светската Атлантска Асоцијација (АТА) е чадор - организација која вклучува 37 национални членки и која од своето основање во 1954 работи на промоција на евро – атлантските вредности на светско ниво преку спроведување на анализи, тренинзи, едукација и информативни активности во врска со меѓународните односи и безбедноста кои што се релевантни за НАТО. Од друга страна, Младината на Светската Атлантска Асоцијација (ЈАТА) ја претставува младинската компонента на АТА и вклучува млади професионалци, студенти и истражувачи кои што се заинтересирани за евро – атлантските и меѓународните безбедносни политики.

TRETO PRS

Предавањето беше започнато со краток воведен дел од страна на Г-дин Илија Џугуманов од Претседателството на АТА, по кое се обрати г-ѓа Моника Беговиќ која што уште на почетокот на своето излагање ја потенцираше улогата на Меѓународните Организации и вредностите како човечкото достоинство за чија почит тие се залагаат. Како што таа нагласи, на меѓународните организации им е важно да покажат дека ги заштитуваат овие вредности кои што директно влијаат на човечките животи. Од друга страна, улогата на Меѓународните Невладини Организации е токму промоцијата на тие вредности.

Понатаму, Генералната Секретарка на АТА направи краток осврт на новата реалност во која се наоѓа светот и на улогата на НАТО во неа. Таа посочи дека денес безбедносните закани повеќе не се конвенционални и условите се сменети што придонесе кон тоа НАТО да го измени својот начин на справување со истите. Предизвиците предизвикани со КОВИД-19 пандемијата уште еднаш докажаа дека безбедносните алијанси како што е НАТО Алијансата се неопходни и дека без нив не може да се преживее. Г-ѓа Беговиќ во оваа насока наведе и два цитати: „Кога одговараме заедно, нашиот одговор е поефективен“ од Генералниот Секретар на НАТО, Господинот Јенс Столтенберг и „Идните држави не можат да опстанат сами“, од Н.Е. Ангела Меркел, Канцеларка на Република Германија.

Во текот на своето предавање, г-ѓа Беговиќ им посвети внимание и на лажните вести и проблематичните медиуми, но и улогата на невладиниот сектор во справување со истите: „…денес се повеќе се среќаваме со навидум привлечни наслови на одредени медиуми чии текстови или не соодветствуваат со насловот или пак се базирани на лажни или непроверени информации. Овде настапува невладиниот сектор кој што има доста критичен однос кон медиумите кои споделуваат непроверени “експлозивни“ вести преку проверување на факти, споделување на вистината и слично.“

TRETO PS2

Во вториот дел од предавањето, излагање имаше г-ѓа Јуџина Сотири Џони од Република Албанија, Претседател на светската ЈАТА која што се надоврза на темата за лажни вести и посочи дека ЈАТА работи на борбата против лажните вести преку проекти и иницијативи за едукација на младината. Понатаму, таа даде краток осврт на новите предизвици на Алијансата како што се економското присуство на Кина, кампањата за дезинформации на Русија, сајбербезбедноста и секако КОВИД – 19 пандемијата и нагласи дека новата програма на НАТО2030 според неа, ќе има особен придонес кон справувањето на Алијансата со истите.

Во контекст на справување со пандемијата, г-ѓа Џони посочи дека пред се е потребен акционен план којшто ќе биде применлив и на можните таканаречени биолошки војни до кои може да дојде во иднина. Според неа, САД и Европа мораат да им дадат глас на младите лидери кои што го претставуваат мирот и напредокот кој што мултикултурализмот и соработката ни ги донесоа.

Претседателката на ЈАТА ја потенцираше и важноста на земјите од Западен Балкан за НАТО Алијансата. Според неа она што му е потребно да на регионот е дијалог и константна комуникација преку кои ќе се постигне стабилност и безбедност.

TRETO PS3

По завршувањето на предавањата, учесниците покажаа особен интерес преку поставување на прашања и беше развиена дискусија помеѓу предавачите и учесниците.

Овој проект е поддржан од НАТО Секторот за Јавна Дипломатија.

 

PUBLIKIMET

youth empowerment