Вести:
Tools
You are here: Почетна|QENDRA E MEDIAS|Lajme/Të reja|НАТО Академија 2020 – Втората Војна за Нагорно – Карабак во Контекст на Хибридното Војување
НАТО Академија 2020 – Втората Војна за Нагорно – Карабак во Контекст на Хибридното Војување pdf Shtyp Email
E mërkurë, 25 Nandor 2020 08:38

„Втората Војна за Нагорно – Карабак во Контекст на Хибридното Војување“ беше тема на предавањето оддржано во склоп на НАТО Академијата 2020, на 23ти ноември 2020 (Понеделник). Поради моменталната ситуација предизвикана од КОВИД-19 пандемијата и во согласност со препораките од државните и здравствените власти, ова предавање беше оддржано онлајн преку платформата ZOOM.

7


Ова предавање беше оддржано од страна на Г-дин Јан Цингел, основач и извршен директор на Стратешки Анализи, поранешен истражувач и шеф на Eвропската Програма за Соседство на Институтот за Политика на ГЛОБСЕК. Неговите области на експертиза се: Западен Балкан, Јужен Кавказ, радикализација, насилен екстремизам, НАТО и прашања и процеси поврзани со интеграцијата во ЕУ. Јан бил дел и од Канцеларијата за Билатерални Односи на Одделот за Одбранбена Политика, Меѓународни Односи и Законодавство при Министерството за одбрана на Република Словачка. Тој е еден од ко-основачите на Глобалниот форум за безбедност во Братислава - ГЛОБСЕК.

1

Г-дин Илија Џугуманов од Претседателството на АТА на почетокот на овој настан го претстави предавачот, по што г. Јан Цингел ги поздрави учесниците и ја започна својата презентација на оваа тема со кратко географско и историско објаснување за конфликтот меѓу Ерменија и Азербејџан.

2

Г-дин Цнгел истакна дека повеќе од четвртина век, постои меѓународна мировна иницијатива која што се обидуваше, но не успеа да изнајде конечно решение за конфликтот околу Нагорно Карабах по прекинот на огнот во регионот во 1994 година. Ерменската „кадифена револуција“ во 2018 година доведе во ново раководство и ги зголеми надежите дека конфликтот во Нагорно Карабах може да се придвижи кон решавање. Сепак, тие аспирации се намалија кога од неодамна, насилството повторно се разгоре. Бидејќи борбите станаа смртоносни, Ерменија прогласи воена состојба и општа мобилизација, а од друга страна Азербејџан најави воена состојба во некои региони. Шефот за надворешна политика на ЕУ, Јозеф Борел, повика на итен прекин на воените дејствија, деескалација и строго почитување на прекинот на огнот и нагласи дека преговорите за решавање на конфликтот во Нагорно Карабах под покровителство на Ко-групата на ОБСЕ за Минск Итно се потребни веднаш.

3

Тој исто така ја спомена и главната улога на Русија како главен сојузник на Ерменија во овој конфликт. Тој побара мислење од учесниците дали сметаат дека Русија јавно се вклучи во конфликтот дури откако Азербејџанците случајно го соборија нивниот хеликоптер или тоа бепе дел од подолго планиран план на Русија. Извршниот Директор на Стратешки Анализи, исто така, го објасни учеството на Турција во оваа војна преку сириските групи кои се поддржани од оваа земја.

4

Г-дин Цингел посвети значително внимание на дезинформациите, пропагандата и на војната преку Интернет во овој конфликт и рече дека и двете страни ги користеле сите алатки за информациска војна: десетици илјади ботови кои ја шират истата порака во форма на пропаганда на државно ниво до разоткривање на изворите на дезинформацијата или обратно - негирање на сите обвинувања на другата страна со цел искривување на вистината и фактите во морето на митови, лаги и лажни информации, како што тој рече.

5

На крајот, тој се осврна на сајбер војната за време на овој конфликт, претежно преку употребата на сајбер единици или хакери за напад врз најважната мрежна инфраструктура на противникот, што резултираше со колапс на голем број веб-страници на азербејџанската влада на почетокот на конфликтот. Од друга страна, Азербејџан ги блокираше сите социјални мрежи, освен Твитер на нејзина територија.

6

Учесниците покажаа значителен интерес за оваа тема, поставија прашања и беа активни во дискусијата што се одржа во вториот дел од предавањето.

Овој проект е поддржан од Одделот за јавна дипломатија на НАТО.

 

PUBLIKIMET

GLOBSEC Trends 2020