НАТО АКАДЕМИЈА 2020: НАТО Интеграцијата и Соработката со Други Институции (Дирекција за Заштита и Спасување) Shtyp
E mërkurë, 02 Dhetor 2020 08:18

Предавањето на НАТО Академијата 2020 на тема „НАТО Интеграцијата и Соработката со Други Институции (Дирекција за Заштита и Спасување) “ со Др. Беким Максути, Директор на Дирекцијата за Заштита и Спасување и поранешен Заменик Министер за Одбрана, беше оддржано на 30ти ноември 2020 (Понеделник) со почеток во 14 часот. Поради моменталната состојба предизвикана од КОВИД-19 пандемијата и во согласност со препораките на државните и здравствените власти, ова предавање беше оддржано онлајн преку платформата ZOOM.

1

Предавањето го започна Г-дин Илија Џугуманов од Претседателството на АТА, а потоа следеше обраќањето на Др. Максути кој што ја поздрави иницијативата на Евро – Атлантскиот Совет на Македонија за организирање на оваа НАТО Академија 2020 и ја објасни улогата на Дирекцијата за Заштита и Спасување како институција чии тимови се први на терен кога се во прашање вонредни ситуации кои влијаат врз безбедноста на населението.
Др. Беким Максути посочи дека Дирекцијата е формирана со Законот за Заштита и Спасување во 2005 година и претставува самостоен орган на државната управа. Тој ја потенцираше важноста на меѓународната соработка во услови кога бројот на катастрофи на глобално ниво расте, а последиците предизвикани зад себе оставаат човечки жртви и огромни материјални штети.

Понатаму, Др. Максути ја објасни основната цел и предмет на меѓународните договори во делот на заштитата и спасувањето која што е формирање на правна рамка за воспоставување на соработка во делот на превенцијата, подготвеноста, давањето и приемот на помош и отстранување на последиците предизвикани од големи катастрофи. Дополнително со билатералните договори се дава можност за размена на знаења и искуства, учество во заеднички проекти, организација на курсеви, семинари и вежби и поттикнување на развој на материјално-технички средства и опрема.

2

Од аспект на регионалната соработка, Др. Максути и посвети внимание на Иницијативата за подготвеност и превенција од катастрофи за Југоисточна Европа (DPPI SEE) чија потписничка е Република Северна Македонија. Денес Иницијативата има 13 држави членки, а партнери се меѓународни организации како ОН, НАТО, ЕУ и други релевантни меѓународни организации и институции. Дирекцијата за заштита и спасување како носител на активностите во рамките на единствениот систем за заштита и спасување од природни катастрофи и други несреќи, активно учествува и во работата на Советот на ЦМЕП за ЈИЕ. Во 2005 година Дирекцијата за заштита и спасување беше претседавач со оваа иницијатива и организатор на компјутерски-асистирана вежба одржана во Охрид чија основна цел беше да се увежбуваат процедурите и можностите на Советот на ЦМЕП и на НАТО за понуда и прием на помош при природни катастрофи, посочи Др. Максути.

Во оваа насока, Др. Беким Максути посвети внимание и на обуките на НАТО за заштита на населението во случај на катастрофи и непогоди и ја потенцираше важноста на фактот дека механизмот на НАТО значи дека секоја земја членка става на располагање сили кои може да се вклучат во случај на катастрофа по побарување на партнер земја. Тој исто така напомена дека Дирекцијата за Заштита и Спасување има свои постојани претставници во Евроатлантскиот Партнерски Совет.

3

По завршувањето на ова предавање, учесниците покажаа особен интерес за темата преку поставување на прашања и беше развиена дискусија помеѓу Директорот на Дирекцијата за Заштита и Спасување и учесниците.


Овој проект е поддржан од НАТО Секторот за Јавна Дипломатија.