8ма НАТО Студентска симулација: Обезбедување на светот во несигурни времиња |
![]() |
![]() |
![]() |
E martë, 22 Dhetor 2020 13:07 |
Евро-Атлантскиот Совет на Македонија предводен од успехот и интересот на студентските симулации настани од сличен карактер во земјата, на 18ти декември 2020 година, по осми пат ја организираше традиционалната НАТО студентска симулација, оваа година на тема: „Обезбедување на светот во несигурни времиња“ Учесници на симулацијата беа студенти и млади професионалци, кои беа соодветно подготвени за симулацијата да ги претставуваат земјите членки на НАТО и претставниците на меѓународните организации и медиумите. За првпат, на оваа симулација официјално беше претставена Република Северна Македонија како триесета членка на Алијансата и воедно беше земја домаќин на овој Самит. Симулацијата беше отворена од страна на г. Илија Џугуманов, Претседателот на младите на Евро-Атлантскиот Совет (ЈАТА Македонија), а претседавач на овогодинешната симулација, во улога на Генерален Секретар на НАТО беше г-ѓа Јуџина Сотири Џони, Претседателка на Светската ЈАТА од Брисел. По завршувањето на презентациите по правилата на НАТО, учесниците покажаа особен интерес, дискутираа, дебатираа и се согласија за усвојување на Декларацијата од Самитот во Скопје во која беа содржани идните чекори на Алијансата во однос на предизвиците со кои се соочува. |