Вести:
Tools
МЕАСМ со свои учесници на Седмиот младински лидерски форум “Промени ја твојата иднина - дијалог и демократија” PDF Печати Е-пошта

Од 24 до 26 февруари 2012 година, членови од Младината на Евро-Атланскиот Совет на Македонија земаа учество на Седмиот Меѓународен младински  лидерски форум, кој беше организиран од страна на Фондацијата Борис Трајковски на тема ,,Промени ја твојата иднина- дијалог и демократија ‘’.



Форумот беше официјално отворен на 24 Февруари 2012 година, каде што учесниците имаа шанса да се запознаат со темата.

Во двата работни дена учесниците ги споделија своите искуства со голем број истакнати домашни и странски личности од областа на политиката и бизнисот. По секоја од панел дискусиите, учесниците имаа работа во мали групи каде што дебатираа и носеа заклучоци на одредена тема.

По завршувањето на панелите, беа истакнати заклучоците од работните групи каде што се потенцираше важноста на дијалогот и неопходноста од неговата употреба доколку посакуваме понатамошен развој. Исто така, беше потенцирано дека дијалогот овозможува размена на ставовите и потребите кои младите ги имаат и дека токму преку дијалогот помеѓу себе, но и со оние кон чии барања се насочени, тие можат да се остварат.

 

Публикации

3natosim