YATA Македонија со предавања во средните училишта Печати

Во духот на анталнтизмот, како предвесник на еден од приоритетните проекти на Младината на Евро Атланскиот Совет на Македонија (YATA Македонија) кој ќе следи во иднина, на 27 и 29 Март 2012 година беа одржани две од низата на предавања и работилници кои ќе следат, наменети за средношколците од Република Македонија, на тема: „Евро – атлантските идеи и вредности, интеграцијата на Република Македоија и нејзиниот придонес за светската безбедност“.



Оваа активност беше реализирана во соработка со СУГС Гимназија „Орце Николов“, а организацијата, самото предавање и работилницата беше целосно спроведена од Илија Џугуманов, претседател на YATA Македонија и членовите на претседателство на YATA Македонија: Илија Ќировски, Христијан Деспотовски, Симона Прличкова, Веселинка Златкова и Бојана Наумоска.

Учесници во самата активност беа учениците од III и IV година од СУГС Гимназија „Орце Николов“, а беше изведена преку презентација, дискусии, прашалници и други интерактивни методи применети во неформалното образование.

Самата активност кај младите наиде на огромна заитересираност и ентузијазам. Преку самите методи на презентирање беше поттикната интеракција и загатнати огромен број на прашања. Со спроведената евалуација по завршувањето на активноста, само се потврди дека учениците се заинтересирани за ваквите предавања.

Со овој чекор се приближивме кон младите, со цел да ги увидиме нивните знаења, да ги дознаеме нивните интереси и размислувања, кои се од огромна важност и претставуваат насока за  организирање, усовршување и реализација на нашите престојни проекти и активности, поврзани со имплементација на евро – атлантските вредности во образовниот систем на Република Македонија.