|
Петок, 02 Октомври 2020 08:42 |
|
АТА Македонија има задоволство да ви го презентира нашиот најнов проект „Новите демократски Wo/Men од западен Балкан- зголемување на младинското учество во демократија“ којшто е подржан од Меѓународниот Вишеградски Фонд. Главната цел на проектот е да ја зголеми свесноста за демократските процеси помеѓу младите од Западен Балкан и да го зацврсти младинското учество во процесот на креирање политики.
Во текот на проектот, младите луѓе ќе:
✅ бидат вклучени во различни реални и вистинки политички теми кои претставуваат предизвик за народите, ✅ решаваат проблеми со кои се соочуваат народите, моделирани според различни вистински проблеми, ✅ научат за важноста на лидерството, организирањето и да се биде инволвиран во локалниот и националниот активизам, и ✅ да го прилагодат своето знаење и вештини со цел да бидат способни да станат активни граѓани што промовираат демократија.
Ние очекуваме соработка со нашите партнери од Босна и Херцеговина, Полска, Црна Гора, Словачка, Унгарија и Чешка. Бидете во тек за повеќе информации!
|