| Еленовски на меѓународен симпозиум во Атина |
|
| Понеделник, 19 Декември 2011 13:22 |
|
Лазар Еленовски, претседателот на Евро-Атлантскиот Совет на Македонија во периодот од 2-3 декември 2011 учествуваше на Годишниот меѓународен симпозиум кој по дваесетти пат се одржи во Атина. Меѓународниот симпозиум беше организиран од Грчката асоцијација за атлантска и европска соработка и имаше за цел да ги потенцира растечките предизвици со кои се соочува светот во областа на безбедноста и економијата и нивното влијание врз евро-атлантскиот свет. Дискусијата беше мошне продуктивна и ги опфати безбедносните предизвици со кои се соочува светот во ерата на економска криза, а во тој поглед ја опфати и резолуцијата 1325 на Обединетите нации. На симпозиумот учествуваа и други високи претставници од грчката политичка сцена, амбасадори, официјални претставници од регионот и меѓународни експерти. |