| Конференција на министрите за одбрана на САД-Јадранската група „Заеднички предизвици и здружени решенија“ |
|
| Среда, 04 Април 2012 11:25 |
|
На 29.03.2012 се одржа конференцијата на САД – Јадранската група на тема “Заеднички предизвици и здружени решенија”. Како гости, свој придонес дадоа и високите претставници на Атлантските асоцијации од регионот: проф. д-р Радован Вукадиновиќ, потпретседател на Светската Атлантска Асоцијација – АТА и претседател на АТА Хрватска, Саво Кентера, претседател на АТА Црна Гора, Кристаќ Бирбо, извршен секретар на АТА Албанија. Конференцијата ја отворија министерот за одбрана на Република Македонија, Фатмир Бесими и претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов. По првичното отворање на конференцијата, учесниците на Конференцијата дадоа придонес и разменија мислења на темата „Предизвиците и перспективите на евроатлантската интеграција во промовирање на одржлив мир и развој на регионот“. Министрите за одбрана на земјите-потписнички на Јадранската повелба и САД, потпишаа и Заедничка повелба (Заедничка повелба потпишана на конференцијата на министрите за одбрана на САД-Јадранската група, 29 март 2012) со која се потврдува континуираниот дијалог и достигнувањата на групата А5 и се изразува поддршка за сите земји од регионот во насока на продолжување на имплементацијата на одбранбените реформи. Свој придонес на оваа конференција даде и претседателот на Евро-Атлантскиот Совет на Македонија и потпретседателот на Светската Атлантска Асоцијација - АТА, Лазар Еленовски кој зборуваше за предизвиците на регионот во пресрет на НАТО самитот во Чикаго и за новиот Smart Defence концепт на НАТО кој треба да биде усвоен на Самитот во Чикаго. |