“НАТО недела – Обезбеди ја иднината” Печати
Четврток, 21 Март 2013 13:25

“НАТО Недела – Обезбеди ја иднината“ е проект што претставува концепт и резиме на неколку активности и настани што имаат една заедничка цел – да се одбележи 4. април, денот кога се прославува договорот од Вашингтон.

НАТО неделата е настан што традиционално се одбележува во земјите членки на НАТО и партнерите. Овој ден во Македонија ќе се прослави во организација на Евро -Атлантскиот Совет на Македонија и Младината на ЕАСМ.

НАТО неделата ќе се обележи од 28 март до 5 април 2013 година со голем број на различни активности, во кои учество ќе имаат млади луѓе, експерти, политичари, бизнисмени и амбасадорската фела во Република Македонија.

Проектот ќе биде имплементира низ неколку различни активности:

28 март 2013 – четврток

НАТО студентска симулација и промоција на Социјалната мрежа за безбедност

Овој уникатен настан, НАТО студентската симулација ќе биде организирана по четврти пат во Република Македонија и овојпат ќе биде платформа за промоција на првата социјална мрежа за безбедност во Република Македонија.

02 април 2013 – вторник

Донациска активност и еднодневно предавање на тема НАТО и меѓународното хуманитарно право

Во соработка со Црвениот Крст на Македонија, ЕАСМ и МЕАСМ ќе ги имплементираат овие активности кои ќе ја покажат хуманоста на македонските студенти и ќе им понудат основен тренинг на студентите на полето на меѓународното хуманитарно право.

03 април 2013 – среда

Еднодневна конференција Влијанието на евро – атлантските интеграции врз економијата на Република Македонија

За првпат во соработка со Стопанската комора на Македонија и факултетот за безбедност – Скопје, ќе ја истражиме темата преку конференција со сеопфатен пристап.

04 април 2013 – четврток

Прес конференција на ЕАСМ, МО и амбасадата на Република Турција во Република Македонија (НАТО контакт амбасада)

Прес конференцијата ќе биде оддржана на денот на потпишувањето на Вашингтонскиот договор и ќе испрати силен сигнал за посветеноста кон евро – атлантските интеграции на државата.

05 април 2013 – петок

Еднодневно предавање за НАТО и партнерите: формирање на идната врска

Ова предавање ќе биде со академски акцент. Наменето е за студентите и ќе им обезбеди знаење за идните активности на НАТО.

Целта на проектот “НАТО недела – Обезбеди ја иднината” ја претставува потребата од запознавање на младите луѓе со НАТО, кои се целите и улогата на НАТО во креирањето на светската безбедност, но исто така и значењето на НАТО за безбедноста во Република Македонија.


 

Формулар за пријавивање на настан

  • Настан*
  • Име и презиме*
    Презиме
  • Email Адреса*
  • Телефон
  • Институција*
  • Напомена

    Доколку сакате да се пријавите за еден или повеќе настани, означете ги во формуларот и пријавете се!
    Полињата со * се задолжителни!

  • Security Code*