| НАТО и меѓународното хуманитарно право |
|
| Среда, 03 Април 2013 19:18 |
|
Со интензивирањето на активностите кои се важни за интеграцијата на државата во НАТО и вклученоста на македонските вооружени сили во различни мировни мисии низ светот, потребата за зголемено знаење на меѓународното хуманитарно право на сите оние кои што се бават со НАТО интеграцијата, безбедноста и мировните прашања станува многу важно. Во оваа насока, Евро – Атлантски Совет на Македонија во соработка со Црвениот Крст на Македонија организира едно дневен тренинг за меѓународното хуманитарно право на темата: “НАТО и меѓународното хуманитарно право” Покрај традиционалниот дел за основите на меѓународното хуманитарно право, работилницата ги вклучи предизвиците за меѓународното хуманитарно право во современ контекст, посебно аспектот на мировните операции и борбата со тероризмот. Тренингот беше одржан на 02.04.2013 (вторник) во просториите на Црвениот Крст на Македонија.
|