Донаторска активност Печати
Понеделник, 08 Април 2013 10:15

Младината на Евро – Атлантскиот Совет на Македонија (ЈАТА Македонија) и Црвениот Крст на Македонија во склоп на проектот “НАТО недела – Обезбеди ја иднината” организираа донаторска активност.

111

Донациите од активноста во храна, облека и основни продукти за персонална хигиена беа донирани за бездомниците во пунктот лоциран на Момин Поток и за 120те стари и изнемоштени лица вклучени во проектот “дневен центар за стари лица и центар за давање помош во домашни услови” на Црвениот Крст на Македонија.

Донираната храна, облека и основни продукти за персонална хигиена за овие две групи е од огромно значење.

112


Оттука произлезе заинтересираност за идно продлабочување на соработката помеѓу двете страни, што најавува многу нови активности.
Евро – Атлантскиот Совет на Македонија и ЈАТА Македонија се заблагодаруваат на сите учесници во оваа акција и ја покажаа својата хуманост!

114

115