Годишно собрание на АТА, 1 декември 2014 Печати
Петок, 05 Декември 2014 14:16

На 1 декември 2014 година, Светската Атлантска Асоцијација (АТА) го одржа своето 60то Годишно собрание.

1932318 10152773388425795 7002115527786509900 n

Традиционално АТА организира годишно собрание кое ја собира целата мрежа на АТА за да се дискутираат достигнувањата од мината година, амбициите за идната и идните безбедносни предизвици за кои мора да се подготви со цел да помогне во одржувањето на мирот и безбедноста во трансатлантската алијанса.

koktel 1

Понатаму, на истиот датум Младината на Светската Атлантска Асоцијација (YATA) го одржа своето 19то годишно собрание, каде младите имаа платформа да ги дискутираат идните политики и имаа работилници кои помогнаа да ги развијат своите способности уште повеќе.

Исто така оваа година беше и изборна година и на двете седници на собранието, каде се избраа новите лидерства.  Новите членови на лидерството на АТА се:
•    Проф. др. Фабрицио Лучоли – Претседател
•    Г-дин Џејсон Вајсмен – Генерален Секретар
•    Г-ѓа Кејт Хансен Бундт – Потпретседател
•    Г-дин Жорге Жирао – Потпретседател
•    Г-дин Арнолд Камел – Поптретседател

koktel 3

Како на сениорско ниво, така и младите избраа ново лидерство. Нови членови на YATA бордот се:
•    Г-дин Франциско Коста – Претседател
•    Г-дин Блаж Гриљ – Генерален Секретар
•    Г-дин Роберт Ивица Сушич – Потпретседател
•    Г-ѓа Еда Гунеи – Потпретседател
•    Г-дин Александар Зибизадце – Потпретседател
•    Г-дин Еирик Соетр - Потпретседател

На ова годишно собрание, Евро – Атлантскиот Совет на Македонија ја започна иницијативата за формирање на бизнис заедници во секоја членка на АТА, кои ќе помогнат уште повеќе да се поврземе со општеството и исто така кај некои ќе биде од помош во критични финансиски ситуации.

koktel 2

Претседателот на ЕАСМ, г-дин Исмет Рамадани ја презентираше иницијативата и искуството кое го има ЕАСМ со формирањето на Бизнис клубот на ЕАСМ и колку бенефит има од него. Од зголемена и засилена поврзаност со општеството, зголемувањето на капацитетот на организацијата и потенцијалната финансиска стабилизација. Иницијативата беше силно поддржана од НАТО советот на Канада и ќе биде сериозно разгледана од сите членки на АТА.
На крајот на 60то годишно собрание, приемот за членовите на АТА беше организирано од Амбасадорот Лазар Еленовски во македонската амбасада во Брисел.
Делегацијата што го претставуваше Евро – Атлантскиот Совет на Македонија на ова годишно собрание е:
•    Г-дин Исмет Рамадани – Претседател на ЕАСМ
•    Г-дин Илија Џугуманов – Претседател на ЈАТА Македонија
•    Г-дин Јордан Тасев – Генерален секретар на ЈАТА Македонија

10841986 784809404912349 2000964829961015078 o

slika