Партнерства |
Евро-Атлантскиот Совет на Македонија во своето членство брои исклучителни експерти, аналитичари со богато искуство од општествените процеси на земјата, евро-атлантските интеграции и меѓународната дипломатија. ЕАСМ во своето членство брои и членови на извршната и законодавната власт во Република Македонија, јавни личности од земјата, извршни тела во реномирани невладини субјекти кои со својата експертиза, влијание и можности за учество во креирањето и водењето на процесите во земјата даваат значаен придонес за реализација на целите на ЕАСМ.
Во својата работа ЕАСМ се води од принципите на транспрентост и има целосен јавен приказ за сите активности кои ги спроведува. Раководството на ЕАСМ e редовен учесник во медиумските дебати околу НАТО интеграцијата на Република Македонија, како и на прашањата околу самата Алијанса преку учество во телевизиски дебати, интервјуа, колумни и изјави за медиумите. Во таа насока ЕАСМ е посветен на развивање успешна соработка со медимуите во Македонија преку воспоставуње на соработка со уредници, колумнисти, автори на коментари, странски медиуми во Македонија, широката јавност во Република Македонија со цел подобрување на општата слика за процесот на евро-атлантска интеграција на Македонија, поголема информираност за активностите кои Македноија ги превзема во процесот на евро-атлантска интеграција.
Во спроведувањето на своите активности Евро-Атлантскиот Совет на Македонија ја користи и веќе создадената мрежа во рамките на регионалната инцијатива на Форумот за Безбедност на Централна и Југоисточна Европа кој овозможува поголема афирмација во регионот и пошироко, како и вклучување на повеќе соработници од други земји, а пред се земји-членки на НАТО.
ЕАСМ развива одлична соработка со националните атлантски асоцијации во рамките на АТА што се гледа и во редовното учество на меѓународни настани организирани од атлантските асоцијации, како и од други организации кои работат во доменот на одбраната, безбедноста и меѓународните односи како можност за пренесување на политичките пораки од земјата. ЕАСМ е отворен за развивање на соработка и со други организации во земјата кои имаат интерес за работа во областа на безбедноста, меѓународната политика, човековите права, владеењето на правото и евро-атлантската интеграција на Република Македонија. |