Вести:
You are here: Почетна|За нас
За нас PDF Печати Е-пошта

Евро-Атлантскиот Совет на Македонија е невладина организација формирана 1997 година во Скопје, која во своето дејствување покрива специфична област за Република Македонија како што се евро-атлантските интеграции и промоциjа на евро-атлантската идеја и вредности во нашето општество. Со цел за потврдување на политичкиот консензус кој доминира по ова прашање и кое е од државен интерес за Рeпублика Македонија, ЕАСМ обединува луѓе од најразличен национален, политички, интелектуален и деловен профил. Воедно ЕАСМ остварува и блиска соработка со државните институции, особено со Министерството за надворешни работи и Мнистерството за одбрана на РМ, НАТО канцеларијата во РМ, секторот за евроинтеграции при Владата на РМ, Кабинетот на Претседателот на РМ, НВО, фондации, медиумите како и дипломатските претставништва во земјата. Во поширок контекст, ЕАСМ преку своите активности промовира целосна подршка на демократијата, човековите права, граѓанското општество и владеењето на правото во Република Македонија.

Евро-Атлантскиот Совет на Македонија, како член на Атлантската Асоцијација (АТА) претставува дел од мрежата на национални асоцијации кои ја сочинуваат АТА и во таа насока остварува широка меѓународна соработка во самата АТА, со нејзините членови – националните организации како и со структурите на НАТО и ЕУ.    

Цели  

•    Промоција на евро-атлантската идеја во Македонија
•    Размена на знаења и искуства за евро-атлантските цели и вредности
•    Соработка со евро-атлантските совети и асоцијации на меѓународно ниво
•    Работа на проекти од областа на промоција на демократските вредности, безбедноста, човековите права
•    Издигнување на јавната свест за прашања од комплексот на безбедноста и меѓународните односи

ЕАСМ е постојан со активно учество во сите активности на АТА како во регионални така и во меѓународни иницијативи, и активно учество на сите конференции, семинари, дебати кои се во склоп на Атлантската Асоцијација. Во идинина ЕАСМ ќе остане постојан во соработката со Владата на Република Македонија, Министерството за надворешни работи, Министерството за одбрана и други владини институции, дипломатски преставништва, како и други елементи релевантни за евро-атлантските интеграции на Република Македонија.

Во периодот од 1997 – 2005 година, претседател на Евро-Атлантскиот Совет на Македонија е Д-р Нано Ружин,  поранешен амбасадор на Република Македонија во НАТО (2001 – 2008 година).

 

Публикации