|
Евро-Атлантскиот Совет на Македонија како продолжение на својата работа на Стратешкиот Концепт 2010 усвоен на Лисабонскиот Самит на НАТО и со цел реализација на активности за пост-лисабонската дебата организира тркалезна маса под наслов:
"По Лисабон: ново НАТО за новата ера: Стратешки Концепт 2010“
 Дебатата ќе се фокусира на постигнувањата на Самитот на НАТО во Лисабон, значењето на Стратешкиот Концепт 2010 во глобален контекст, како и ефектите на овој документ за Република Македонија.
Воведничари на дебатата ќе бидат:
- г-дин Лазар Еленовски, претседател на Евро-Aтлантскиот Совет на Македонија, - г-дин Абдулкадар Мехмеди, Државен Секретар во МНР на Р.Македонија, - Н.Е. Симоне Филипини, Амбасадор на Кралството Холандија во Р.Македонија, - г-ѓа Барбара Маронкова, претставник од НАТО, Сектор за јавна дипломатија. Со свое излагање ќе земат учество
- Н.Е Кристофер Ивон, Амбасадор на Кралството Велика Британија во Р.Македонија, - H.Е Жан Клод Шлумбергер, Амбасадор на Република Франција, во Р.Македонија, - Н.Е Алан Брајан Бергант, Амбасадор на Република Словенија, во Р.Македонија, - г-дин Јован Mанасијевски, пратеник во Собрание на Р.Mакедонија и поранешен министер за одбрана, - д-р Методи Хаџи Јанев, професор на Воена Академија, - г-дин Исмет Рамадани потпретседател на Евро-Атлантскиот Совет на Македонија, - г-дин Ризван Сулејмани потпретседател на Евро-Атлантскиот Совет на Македонија, - г-дин Стево Пендаровски професор на Американ Колеџ –Скопје.
Тркалезната маса ќе се одржи на 10 декември 2010 година (петок) во хотел Стоунбриџ во Скопје со почеток во 12.00 часот.
Настанот е организиран во соработка со Амбасадата на Кралството Холандија во Македонија, НАТО контакт амбасада и Штабот на НАТО во Македонија.
Настанот е поддржан од НАТО Секторот за јавна дипломатија во Брисел.
|