| DAYS 2012 |
|
| E martë, 24 Korrik 2012 13:14 |
|
27от Дански Атлантски Младински Семинар се одржа од 2-8 Јули 2012, традиционално во Авио- базата во Алборг.
На крајот на секој ден, беа отворани дискусии меѓу предавачите и 25 учесници, кои доаѓаа од 17 земји. Последните два дена беа посветени на симулација на кризата во Јужен Кавказ, што претставуваше интерактивен пристап, како и тест на дипломатските способности на учесниците.
На крајот на секој ден, беа организирани голем број на социјални активности, како посета на градот Алборг, тура низ Авио- базата во Алборг, посета на Скаг- најсеверната точка во Данска, каде се спојуваат Балтичкото и Северното море, итн. ЈАТА Македонија беше претставена од Ана Франгова.
|