|
E martë, 20 Korrik 2010 00:00 |
|
There are no translations available.
Евро-Атлантската иднина на Западниот Балкан како клучен фактор за зајакнување на безбедноста во регионот
Вториот Софиски состанок во рамките на Форумот за безбедност на Централна и Југоисточна Европа – Балкан Мозаик како продолжение на Првиот Софиски состанок се одржа на 10 мај 2005 година во Софија. На овој состанок се собраа учесници од Атлантската Асоцијација, Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Данска, Македонија, Романија, Србија и Црна Гора, Хрватска и УНМИК – Косово.
NATO Information Centre - Sofia, Euro-Atlantic Education Initiative, Институтот Отворено општество и Министерството за надворешни работи на Република Бугарија во соработка со Атлантската Асоцијација, Данската Атлантска Асоцијација, Casa NATO – Романија и Евро-Атлантскиот Клуб на Македонија го организираа овој настан.
Состанокот се одвиваше во две сесии: Евро-атлантската иднина на Балканот како клучен фактор за засајкнување на безбедноста во регионот и Регионалната соработка во услови на глобализација: Европска перспектива.
Учесниците работеа во неколку тркалзени маси: · Демократија и човекови права · Економски развој и инфраструктура: општествена и економска кохезија · Реформи на одбранбениот и безбедносниот сектор, гранична безбедност и управување На Вториот Софиски состанок беше усвоена Втората Софиска Деклрација за менувачките безбедносни концепти во Централна и Југоисточна Европа: Акционен План. |