Говор на НАТО Генералниот секретар Андерс Фон Расмусен Shtyp
E martë, 04 Tetor 2011 12:44
There are no translations available.

Дами и господа, добро утро.

Јас сум веќе на половина од мојот мандат како генерален секретар и во текот на овој период се случија многу нешта. НАТО е ангажирано повеќе од кога било. И токму за тоа сакам да зборувам денес.
Како и вие, и јас станувам рано и со задоволство ја прифатив поканата од Центарот за европски политики да зборувам. Тоа ми дава прилика да ја прикажам мојата визија за иднината на Алијасната. И да гледам напред, заедно со вас, кон НАТО Самитот во Чикаго кој ќе се одржи следниот мај.

Како што реков, НАТО е ангажирано повеќе од кога било. И тоа заради вистински причини. Во изминатите шест месеци, Безбедносниот совет на ОН усвои историска резолуција да ги заштити цивилите во Либија. Ја повика меѓународната заедница да ги употреби сите неопходни средства за да ја засили одговорноста за заштита. Горд сум што НАТО одговори на тој повик. И што успешно го подобривме мандатот. Се осигуравме дека резолуцијата на ОН брзо се претвори во реалност.

Нашата операција продолжува да спасува безбројни животи. Го заштитивме народот на Либија од напади. И им помогнавме да ја преземат својата судбина во своите раце и надвор од дофатот на Гадафи. Луѓето во Либија не’ потсетија на основната вистина. Желбата за слобода може некогаш да биде потисната. Но, никогаш не може да биде изгасната.

Иако мисијата не е се’ уште целосна, веќе покажа дека НАТО може да направи нешто. За многу луѓе во Либија, НАТО буквално направи разлика помеѓу животот и смртта. Операцијата „Обединет заштитник“ покажа дека кога причината е оправдата, кога законската основа е силна и кога регионалната поддршка е јасна, НАТО е неопходна и незаменлива алијанса. Мора да се осигураме дека ќе остане таква. Особено во време кога ништо не може да се зема здраво за готово.

Позадината на нашиот НАТО Самит во Чикаго е глобалната економска криза. И не постои контрадикторност меѓу тоа да се биде загрижен за економијата и да се биде загрижен за безбедноста. Затоа што економијата и безбедноста се поврзани меѓу себе. Големите дефиците и растечките долгови ги прават нациите ранливи. Затоа, здравите фискални политики се и здрави безбедносни политики. Двете бараат да добиеме најмногу од секое евро, фунта и долар кои ги трошиме на одбрана и безбедност.
Безбедноста не е изборна – дури и во време на сиромаштија. Не е луксуз – тоа е витална потреба. Затоа што безбедносните проблеми не чекаат да ги средиме нашите економски потешкотии. А тие сигурно не се решаваат самите.

Можеби не можеме да трошиме повеќе, но сигурно може да трошиме попаметно со заедничко трошење и тоа е она што мора да го правиме. Во сегашната економска клима, потреба за соработка е појасна од кога било. Потребата за солидарност е најсилна досега. Аргументите за трансатлантската посветеност се more compelling than ever.

Сигурен сум дека во Чикаго ќе ја видите НАТО Алијансата која покажува цврста солидарност дури и во тешки економски времиња. Алијанса која е посветена, способна и поврзана. Ние сме Алијанса посветена на трајните вредности на слободата, демократијата и владеење на правот. И ќе останеме посветени на бранењето на овие вредности. Кога и да е, каде и да е, потребно е. Ние сме Алијанса посветена на целите и принципите на повелбата на ОН и работиме под мандатот на ОН на три континенти: во Либија, во Косово и во Авганистан. Ќе продолжиме да им помагаме на ОН да ја спроведат својата обврска за заштита на мирот, промоција на стабилноста и заштита на цивилите.

Ние сме Алијанса посветени на трансатлантската солидарност и соработка, како и на силен консензус преку советување и дебати. Сакам да ги видам сите сојузници да сносат ист дел од товарот за спроведување на тој консензус. И да плаќаат ист дел од цената.

Критичарите покажуваат со прст кон нашата операција во Либија и велат дека не сите сојузници ја делат оваа обврска. И не сите го носат товарот. Дозволете ми да ви објаснам нешто за оваа точка.
Всушност, операциите во Либија ја покажуваат силата и солидарноста на нашата Алијанса дури во тек на економска криза. Кога Обединетите Нации побараа поддршка за да ги заштитат луѓето во Либија, сите сојузници се согласија дека тоа треба да се направи. Се согласија дека НАТО треба да реагира.

За шест дена НАТО реагираше – побрзо од кога било претходно. И дејствуваме успешно. Сите сојузници учествуваа, директно или индиректно, преку нашата заедничка командна структура и заеднички фондови.
Во Либија, предводници беа европските сојузници и Канада. Во Авганистан, водечката нација од самиот почеток беа САД. А во Косово, Германија во моментов ја игра главната улога. Ова се операции кои бараа многу. Оперативната флексибилност на НАТО им дозволува на сите сојузници да ги употребат своите одредени сили. И да придонесат онаму кадешто ќе има најголем ефект. Рамката на Алијансата ги комбинира сите овие индивидуални придонеси. И го зголемува нивното влијание.

Оперативната флексибилност е таа што и’ дозволува на Алијансата истовремено да спроведува неколку различни операции. И да го прави тоа ефикасно.

Но, ефикасните операции не зависат само од посветеноста. Тие зависат и од поседувањето на вистинските способности. Токму затоа сакам да видам Алијанса која е способна, но и посветена. Во Либија, европските сојузници и Канада обезбедија најголем дел од средствата. Но, успехот на таа операција зависеше од единствените и основни способности кои само САД можеа да ги понудат. Способностите како што се набљудувањето и разузнавањето.

Сакам да видам Алијанса каде сите сојузници ќе можат да се потпрат едни на други. Каде сите сојузници може и да придонесат многу кон заедничките операции. И каде сите сојузници покажуваат политичка солидарност за да ги распоредат и одржат тие придонеси.
Токму затоа, ги охрабрувам сите сојузници, особео во Европа, да ги фокусираат инвестициите во овие витални области. Не сум наивен. Знам дека во ера на немаштија, не можеме да трошиме повеќе. Но, не треба да трошиме помалку. Затоа, одговорот е да се троши попаметно. И да се добие вредност за парите. Да им се помогне на нациите да ги зачувуваат способностите и да развијат нови. Ова значи дека мора да поставиме приоритети. Мора да се специјализираме. И мора да бараме мултинационални решенија. Тоа е она што јас го нарекува паметна одбрана.  
Ракетната одбрана е таков случај. Со спојување на придонесите и со поделба на трошоците, сојузниците ќе бидат во можност да ја заштитат својата територија и граѓани од ракетните напади. А со соработка заедно со Русија, може да изгради два различни системи за ракетна одбрана со истата цел: да се соочиме со новите закани и со старите сомнежи истовремено. И да ја прошириме заштитата од балистички ракети низ целиот евро-атлантски регион.

Тоа ме носи до конечниот елемент од мојата визија за НАТО – Алијанса која е подобро поврзана со своите партнер-нации и со остатокот од меѓународната заедница.

Либија ја демонстрираше важноста на мрежата на партнерства на НАТО. На почетокот на кризата во Либија, многу рекоа дека сме имале проблем со сликата на Арапскиот свет. Но, нашата операција го докажува спротивното. Ги заштитивме луѓето во Либија со политичка поддршка од регионот. И со оперативната поддршка од многу наши партнери во регионот. НАТО нуди рамка која е испробана и тестирана, рамка која нашите партнери ја знаат и и’ веруваат.

Нашата безбедност се добива најлесно преку широка мрежа на партнерства со земји и организации низ целиот свет. Тие градат доверба. Тие ги расчистуваат недоразбирањата. И тие ја прошируваат соработката.
Се стремиме кон продлабочен политички дијалог и практична соработка со ОН. Европската Унија е уште еден суштински партнер на НАТО. И ние ќе продолжиме да ја поддржуваме евро-атлантската интеграција кон Западен Балкан и кон Истокот.

Алијансата треба да има единствено, стратегиско партнерство со Русија. Веќе започнавме да го развиваме истото. Русија и НАТО работат заедно на многу прашања кои претставуваат заедничка грижа, како што е Авганистан, борбата против теророзимот и шверцувањето на дрога. Јас гледам иднина во која ние уште повеќе соработуваме.
Конечно, врз основа на успехот на нашата операција во Либија, Алијансата многу подобро ќе се поврзе со јужните соседи – оние покрај Медитеранот и на Блискиот Исток, како и земјите од Персискиот залив. Имаме многу заеднички грижи – од борбата против екстремизмот, преку реформите во безбедносниот сектор до поморската безбедност. Сакам заедно да се соочиме со овие грижи. Ако го направиме тоа, сите многу ќе добиеме.
Тоа е мојата визија на НАТО. Алијанса која е посветена, способна и поврзана. И во Чикаго, следниот мај, може да помогнеме да ја трансформираме таа визија во реалност. За нашиот Самит јас гледам четири специфични цели.
Прво – Авганистан. Ние сме на пат да го завршиме предавањето на одговорноста за безбедноста на Авганистанците до крајот на 2014 година. Но, нашата обврска кон авганистанскиот народ нема да заврши со тоа. Затоа, мојата прва цел за Чикаго е да го поставиме тој детаљ на посветеност, со тоа што ќе направиме стратешки план за нашето вклучување во текот на целиот период на транзиција, но и потоа.

Второ – способностите. За да ја исполни својата основна цел на заштита на нашата безбедност, Алијансата треба да има соодветна мешавина на способности: конвенционална, нуклеарна и ракетна одбрана. Во моментов, го разгледуваме тој микс кој треба да биде одобрен во Чикаго.

Исто така, подготвуваме пакет специфични воени способности кои Паметната одбрана може да ни дозволи да ги испорачаме.

Целта ми е, во Чикаго, НАТО шефовите на држави  и влади да го прифатат овој пакет. И паметно да се обврзат за да ги испорачаат подобрените способности кои ни требаат на сите.

Трето – ракетна одбрана. Полска, Романија и Турција веќе се согласија да ги  прифатат клучните елементи на системот. Целта во Чикаго ќе биде да се прогласи привремена оперативна способност на НАТО територијалната ракетна одбрана. Тогаш ќе може да добиваме навремени предупредувања за ракетни лансирања насочени кон нас. Тоа е голем чекор кон целосната способност која ни е потребна.

Тоа е патот на НАТО. Но, би сакал да направиме напредок и на патот НАТО-Русија. Соработката за ракетна одбрана има воена смисла – затоа што ги прави нашите системи поефикасни. Но, има и политичка смисла затоа што покажува дека нашата ракетна одбрана не е насочена кон Русија.
Конечно, партнерствата. Би сакал на самитот да ја потврдиме уште еднаш нашата обврска кон евро-атлантската интеграција на нашите партнери овде на континентот. Но и да испратиме силна порака до земјите од Медитеранот, Блискиот Исток и Персискиот Залив. Да им кажеме дека имаме заеднички интерес за стабилноста и безбедноста на нивниот регион. И се надевам дека до почетокот на самитот во Чикаго, новата, демократска Либија ќе биде меѓу нашите партнери во регионот.

Дами и господа,
нашата операција во Либија уште еднаш ја покажа вредноста на нашата Алијанса. И тоа не е еднократна вредност. НАТО има голем список на успеси во текот на последните шест декади.

Целите за Чикаго ни се јасни и конкретни. Тие се амбициозни. Но, достижни. Тие ќе ја засилат трансатлантската врска. И ќе ни помогнат да се осигураме дека списокот на успеси на Алијансата ќе се зголемува и во текот на економската криза, но и во идинина. Затоа што тие ќе ни дадат алијанса која е уште попосветена. Поспособна. И подобро поврзана.

Тоа е мојата визија за НАТО. Во Чикаго имаме можност да го оствариме тоа. И јас верувам дека ќе го оствариме.
Ви благодарам.