Воведно обраќање “Атлантскиот и Арапскиот свет – наоѓајќи се заедно” Shtyp
E hanë, 26 Dhetor 2011 10:24
There are no translations available.

20-от Интернационален Симпозиум на GAAEC, 2 декември 2011, Атина

Лазар Еленовски, Претседател на Евро – Атлантскиот Совет на Македонија, Потпретседател на Светската Атлантска Асоцијација

 

Ви благодарам за поканата да присуствувам овде во Атина. Би сакал да ги изразам моите искрени честитки до Грчката Атлантска Асоцијација за нивниот 20 годишен јубилеј. Најмногу од се би сакал да ја поздравам работата на господин Тео Георгиу и за големиот придонес што нашата Атлантска фамилија го добива од неговото лидерство во изминатите 20 години.
Дозволете ми да ја проширам темата од Југоисточна Европа и да дискутирам за Источна Европа и Медитеранот и да ја допрам пошироката слика за Атлантскиот и Арапскиот свет.

Имајќи го во предвид временскиот лимит на говорот, ќе се обидам да дадам неколку генерални забелешки во поглед на релацијата помеѓу промените во Источна Европа и историските промени во Арабскиот свет оваа година на кои сме сведоци.

Прво - Сличност

Пред 20 години Европа и светот се соочија со нов голем демократски проект во Источна Европа. Денес сведочиме на еден сличен процес во арапскиот свет. Во изминатиот период имаше многу обсервации за природата на процесите кои започнаа минатиот декември. Многу институции и експерти дебатираа како да го наречат процесот во арапскиот свет и дозволете ми да ја искажам мојата лична позиција на оваа тема. Јас цврсто верувам дека ова се историски демократски процеси во многу арапски земји или Арапска демократска револуција.

Пред 20 години Источноевропејците ги сменија недемократските комунистички режими со демократски. Денес, во 2011 година, арапскиот свет кој со години беше замрзнат регион, покажа дека на луѓето, особено на младите луѓе, им е доста од немањето перспективи, немањето едукација, немањето вработување и многуте уништени соништа. Денес со глобалните медиуми и интернетот тие можат да видат што се случува во светот и тие не сакаат да продолжат да живеат во автократија или диктаторство. Тие реагираа и продуцираа демократска револуција која како домино ефект се прелеваше од една во друга арапска земја.

Второ - Разлика

Освен тоа што постои чист консензус дека тие веќе не сакаат да живеат како што живееа во децениите на автократијата, кај арапите се јавува недостаток на чиста визија за патот напред. Тие ја немаат парадигмата која ја имаа источноевропјаните пред 20 години. Тоа беше сонот за обединета Европа и евро – атлантската интеграција на Источноевропските земји. Интеграциониот магнет беше тој кој им даде сила на домашните реформи во новите демократски земји и туркаше силно кон регионална соработка и интеграција.

Арапскиот свет е многу поширок. Тој се протега на два контитенти, од бреговите на Атлантскиот океан до Иран и е населен со речиси 400 милиони жители. Земјите во овој огромен регион се многу различни иако се арапски. Тоа е многу динамичен регион со огромни политички, економски и безбедносни предизвици.

Гледајќи на резултатите од пред две декади, Источна Европа е успешна приказна, но сеуште има многу области каде што е потребно подобрување. Имајќи го тоа на ум, ние може да очекуваме дека ќе биде многу потешко за арапите во обидот да ги постават нивните земји и регионот во вистински правец.

Трето – Закани

Во западните медиуми секојдневно слушаме сомневања за Арапската пролет и посебно загриженостите од можностата радикалниот ислам да стане власт во различни земји. Јас цврсто верувам дека радикалниот ислам како државна политика или било каква институционална форма  не може да претставува поголема безбедносна закана и опасност за меѓународната безбедност и мир, од две главни причини.

Прво, затоа што веќе на власт има две таканаречени радикални исламистички движења, Хезболах во Либан и Хамас во Палестина и дефакто гледаме дека тие не се толку радикални во нивната повеќегодишна власт. Второ, од воена гледна точка, ниту оддалеку нема таква сила која воено може да им се спротивстави на САД и НАТО сојузниците. Да направам само едноставна споредба. Годишниот одбранбен буџет за 2011 година на САД е 700 милијарди долари, а вкупниот НАТО буџет е околу 1,1 трилиони долари. Од друга страна најпроблематичната земја во регионот, Сирија има годишен одбранбен буџет од 2,5 милијарди долари. Дури и Иран со своите 10 милијарди долари годишен одбранбен буџет како конвенционална воена сила не е закана. Тоа што го прави Иран закана е неговата нуклеарна програма, кое е прашање од највисок приоритет за итна акција на сојузниците.

Да се навратам на третата точка и да заклучам дека нема директна воена закана од воспоставување на власт на радикални исламистички движење во арапските земји.

Четврто - Препораки

Земајќи ја предвид пошироката глобална слика и трендови, за актуелните арапски демократски процеси, како главна препорака ќе ја подвлечам – одговорноста. Но, не за арапските луѓе, тие веќе го направија првиот и најважен чекор, тие одлучија да го започнат патувањето. Тоа што сакам овде да го подвлечам е одговорноста на атлантскиот свет, за своето непосредно опкружување. Тоа е наша одговорност, но исто така и визија да се препознае историскиот момент и да се придонесе за меѓународниот мир и безбедност што значи и за нашата сопствена безбедност.

Нашата цел треба да биде - арапскиот свет да биде партнер на атлантскиот. Гледајќи во тој правец, цврсто верувам дека ако атлантскиот свет се инволвира во вистинското време, кое е сега, со вистинските капацитети и вистинските политики, во следните декади ние ќе бидеме сведоци на големо приближување помеѓу атлантскиот и арапскиот свет.

Препораката најпрво ја следи потребата да се избегне најголемата грешка која е направена многу пати досега, а тоа е да се извезува таканаречен “западен тип на демократија”. Арапските луѓе како и многу други во светот, заради оспорената перцепција за тоа не би го сакале тој приод. Во отворањето на овој процес ние треба да имаме мек пристап, со нагласувањето на социјалната стабилност и длабоките реформи во општеството.

Едно суштинско прашање за идната соработка на полето на безбедноста е реформата на безбедносниот сектор. Ова треба да е еден лесен непречен процес и форма за поддршка во воспоставувањето силни институции и процедури кои со време ќе достигнат демократски стандарди.

Имајќи го предвид Чикаго Самитот наредната година, НАТО треба да се движи кон градење на посилни институционални линкови и мрежи со арапскиот свет. Иницијативите како Медитеранскиот Дијалог и Истанбулската иницијатива за соработка ја завршија својата работа во минатото и НАТО сега треба да се придвижи кон воспоставување на форми за многу поблиска соработка.

Во тој правец, зборувајќи за “меки” политики, цивилните организации можат да имаат огромно влијание и придонес во целиот процес.

Благодарам.

Еленовски на меѓународен симпозиум во Атина