| Зајакнување на НАТО мрежата со партнерите |
|
| E premte, 28 Shtator 2012 13:39 |
|
There are no translations available.
Почитувани организатори, почитувани претставници на министерствата за одбрана и невладиниот сектор, почитувани колеги и пријатели, Најпрво би сакал да ви се заблагодарам за поканата на Евро – Атлантски Совет на Македонија да учествува на оваа конференција за партнерски полиси и “smart defence” во контекст на новит НАТО стратегиски концепт. Нашата тема денес, Зајакнување на НАТО мрежата со партнерите има широк спектар на прашања и аспекти кои треба да се дискутираат. НАТО соработува со низа интернационални организации и држави во различни структури. Некои од тие партнерства се: Евро – Атлантски Партнерски Совет (ЕАПС), НАТО Медитеранскиот дијалог, Истанбулската Иницијатива за Соработка и има многу партнери низ целиот свет. Во однос на Западен Балкан, НАТО ја потврди својата посветеност на овогодинешниот Чикаго самит, каде државите од овој регион уште еднаш беа стимулирани да продолжат со нивниот пат кон интеграција во НАТО. Во овој поглед, ние мора да ги спомнеме земјите од А5 кои ден по ден ја интензивираат својата соработка во полето на реформирање на одбранбениот систем, исто како и на други сектори на јавниот живот низ многу заеднички проекти и активности. Од друга страна, НАТО останува фокусиран на мирот и стабилноста во Косово и претставува значаен партнер за ЕУ мисијата EULEX во воспоставувањето и понатамошниот развој на владеењето на правото во новата независна држава Косово. Доказ дека партнерството и вмрежувањето играат круцијална улога во денешното функционирање на НАТО доаѓа директно од Генералниот Секретар Андерс Фог Расмусен кој ја нагласува нивната важност како клуч на успехот којшто НАТО го оствари, посебно во последните две декади. Апсолутно е коректно да се согласиме со него, ако земеме во предвид дека денешниот НАТО има партнери од Балканот до Јапонија и од Русија до Авганистан. Безбедносните грижи на НАТО и неговите партнери наметнаа соработка на регионално и интернационално ниво, имајќи во обзир дека заканите од 21 век не се секогаш предвидливи, често тешки да се предизвикаа, тие може да се надминат само преку соработка и партнерство на различни држави и организации. Во врска со партнерството помеѓу Република Македонија и НАТО, мојата држава останува посветена на евро – атлантските интеграции. НАТО го препозна активното учество на Македонија и зајакнувањето на партнерството. Македонија активно учествува во НАТО операциите низ светот. Посебно треба да се напомене ИСАФ мисијата каде што Македонија учествува од почетокот. Што се однесува на целосното членство во НАТО, ние остануваме на едно политичко прашање од Алијансата покрај исполнетите услови за станување член и имаме имплементирано 12 MAP. Eвро – Атлантски Совет на Македонија со својата работа повеќе од една декада е главен актер во државата за јавната дипломатија на прашањето за НАТО и за евро – атлантската интеграција на Република Македонија. Активностите на ЕАСМ се добро познати на национално, регионално и интернационално ниво. Евро – Атлантски Совет на Македонија е член на на Светската Атлантска Асоцијација (АТА), организација од 42 национални поглавја работејќи во евро – атлантскиот регион и пошироко, градејќи поддршка од цивилното општество за НАТО и трансатлантската соработка, споделувајќи ги најдобрите практики помеѓу своите членови. Во овогодинешните активности на Евро – Атлантскиот Совет на Македонија подготви концепт за развој на SMART DEFENCE. Во време на штедење, новите глобални решенија за градење на одбранбени капацитети се и повеќе од потребни. Во линија со принципите на НАТО за заедничка соработка и иницијативи за развој на најмодерни одбранбени капацитети кои ќе имаат севкупен пристап, Евро – Атлантски Совет на Македонија ќе се фокусира на развој на концептот за smart defence. Евро – Атлантски Совет на Македонија исто така ги отвори вратите за соработка за ова прашање со министерството за одбрана на Република Македонија, НАТО и дипломатските мисии во државата преку јавна промоција на концептот. Исмет РАМАДАНИ Потпретседател на Евро – Атлантски Совет на Македонија |