Еленовски на меѓународен симпозиум во Атина Shtyp
E hanë, 19 Dhetor 2011 13:22

Лазар Еленовски, претседателот на Евро-Атлантскиот Совет на Македонија во периодот од 2-3 декември 2011 учествуваше на Годишниот меѓународен симпозиум кој по дваесетти пат се одржи во Атина.



Еленовски беше поканет да зборува на вториот панел на симпозиумот на тема „Југо-источна Европа и Медитеранот: Закани и можности за регионот кој се трансформира“ и на истиот се дискутираа настани од „Арапската пролет“. ( Воведно обраќање “Атлантскиот и Арапскиот свет – наоѓајќи се заедно”)

Меѓународниот симпозиум беше организиран од Грчката асоцијација за атлантска и европска соработка и имаше за цел да ги потенцира растечките предизвици со кои се соочува светот во областа на безбедноста и економијата и нивното влијание врз евро-атлантскиот свет. Дискусијата беше мошне продуктивна и ги опфати безбедносните предизвици со кои се соочува светот во ерата на економска криза, а во тој поглед ја опфати и резолуцијата 1325 на Обединетите нации.

На симпозиумот учествуваа и други високи претставници од грчката политичка сцена, амбасадори, официјални претставници од регионот и меѓународни експерти.