Еленовски во работна посета на Вашингтон, САД Shtyp
E enjte, 22 Mars 2012 15:44

Лазар Еленовски, потпретседателот на Светската Атлантска Асоцијација – АТА,  во периодот од 12-15 март 2012 оствари работна посета во Вашингтон, САД.

За време на работната посета Еленовски учествуваше на Состанокот на Бирото на Светската Атлантска Асоцијација и оствари средби вклучувајќи високи претставници од Белата Куќа и Пентагон. Исто така оствари средби и со клучните креатори на политики од Вашингтонските тинк – танкови вклучувајќи ги Институтот за Национални стратегии, CSIS, Герман Маршал фондот, директорите на Атлантскиот Совет на САД.

НАТО Самитот во Чикаго и очекуваните резултати беа главна тема на овие средби. Агендата на самитот ќе има три главни основи

    • - Пост – ИСАФ 2014 транзицискиот процес и придонесот на Алијансата по повлекувањето на трупите
    • - Smart Defence концептот и можни проекти за имплементација на концептот
    • - Процесот со партнерствата и развојот на нови иницијативи