НАТО недела – Обезбеди ја иднината Shtyp
E hanë, 15 Prill 2013 12:39
There are no translations available.

Евро-Атлантскиот Совет на Македонија секоја година го одбележува денот на потпишувањето на договорот од Вашингтон. Оваа година, 16ти пат беше одбелена 64 годишнина од формирањето на Алијансата.

kolaz 2

“НАТО недела – Обезбеди ја иднината“ е проект што претставува концепт и резиме од неколку разноврсни активности и настани што имаат една заедничка цел – да се одбележи 4. април, денот кога се прославува договорот од Вашингтон. За период од 5 работни дена, беа организирани 10 големи настани и активности кои одекнаа широко во македонската јавност.

Прв настан во НАТО неделата беше успешно организираната 4та НАТО студентска симулација со наслов “НАТО и партнер земјите - идни предизвици и што понатаму?!” Симулацијата практично претставуваше средба на шефовите на држави на Северно Атлантскиот Совет, каде што ја дискутираа соработката со партнерите и идните предизвици. Настанот имаше големо едукативно влијание врз студентите затоа што им даде можност да научат за проблемите на НАТО, безбедноста и меѓународната политика и овој пат со специјален акцент на соработката на НАТО со партнерите.

Со овогодинешната НАТО студентска симулација практично и беше лансирана и првата социјална мрежа за безбедносни и одбранбени прашања – Атлантика!

Настанот беше одржан на 28 март 2013 година во ЕРА центарот, Скопје и беше директно подржан од НАТО секторот за јавна дипломатија.

Со интензивирањето на активностите кои се важни за интеграцијата на државата во НАТО и вклученоста на македонските вооружени сили во различни мировни мисии низ светот, потребата за зголемено знаење на меѓународното хуманитарно право на сите оние кои што се бават со НАТО интеграцијата, безбедноста и мировните прашања станува многу важно.

Црвениот Крст на Македонија претставува главен актер во активностите на дисеминација на меѓународното хуманитарно право во државата. Во таа насока, на 02април 2013 година, Евро – Атлантски Совет на Македонија во соработка со Црвениот Крст на Македонија беше организиран едно дневен тренинг за меѓународното хуманитарно право на темата: “НАТО и меѓународното хуманитарно право”.

Покрај традиционалниот дел за основите на меѓународното хуманитарно право, работилницата вклучи предизвици за меѓународното хуманитарно право во современ контекст, посебно аспектот на мировните операции и борбата со тероризмот.

Како трет дел од НАТО неделата, Евро – Атлантскиот Совет на Македонија во соработка со Стопанска комора на Македонија и факултетот за безбедност – Скопје организираа еднодневна научно – стручна со наслов “Влијанието на евро – атлантските интеграции врз економијата во Република Македонија”. Научната конференција имаше сеопфатен пристап на темата за што најдобар показател беше различниот спектар на учесници и високото ниво на учесници.Настанот се одржа на 3 април 2013 година во просториите на Стопанската комора на Македонија.

Понатаму во соработка со министерството за одбрана, ЕАСМ организираше прес конференција за пошироката јавност и медиумите во РМ, токму на 4ти април, Денот на НАТО, со цел да упатиме силна потврда за посветеноста на Република Македонија кон евро – атлантските интеграции.Како последен дел од настанот беше потпишувањето на меморандумот за соработка помеѓу Евро – Атлантскиот Совет на Македонија и Факултетот за безбедност – Скопје, со што се продлабочи идната соработка.

Покрај обуката за хуманитарно право, НАТО неделата беше завршена со еден хуман чин, повторно во соработка со црвениот крст на Македонија. И ние од ЕАСМ, како и самата Алијанса, нашето внимание секогаш го насочуваме и кон хуманитарните акции и дела. По успешно завршената собирна акција донациите во храна, облека и основни средства за лична хигиена претставници на ЈАТА Македонија заедно со волонтери од Црвениот крст на Македонија ги доставија во Пунктот за бездомници кој се наоѓа во Момин Поток и на други 120 стари изнемоштени лица вклучени во проектот „Дневен центар за стари лица и центар за давање помош во домашни услови“ на Црвен крст на град Скопје.

На настаните присутни беа високи гости: вицепремиер, министри, амбасадори, пратеници, државни секретари и советници, како и високи претставници на министерствата. Од академската фела, декани на факултетите и преку 20 професори и експерти од областа на одбраната, безбедноста, политичките и правните науки, економијата, животната средина и техничките науки.

На големо задоволство, на настаните присуствуваа над 250 студенти.

Сите претходно набројани факти се однесуваат на физичко присутни лица на самите настани. Ова е важно затоа што Евро-Атлантскиот Совет на Македонија секој пат воведува по некоја новина.

Двата претходно организирани настани беа поставени на Светската Атлантска Асоцијација на која ЕАСМ е член. Мрежа од 42 национални ограноци ширум атлантикот. Исто така преносот во живо беше поставен на Социјалната мрежа Атлантика, официјалната веб страна на ЕАСМ и Стопанската комора на Македонија.

Преносот беше отворен преку 2000 пати, со околу 300 постојани гледачи а коментираа 50 посетители. Уште една интересна новина е што овогодинешната 4та по ред НАТО студентска симулација, како и во реалност беше водена од Генералениот секретар на НАТО, но овој пат преку видео конференција од Лисабон, Португалија. Претседателот на нашата партнерска организација од Португалија и Генерален секретар на Светската Младинска Асоцијација, Жоао Феитас го водеше целиот настан преку видео врска која траеше повеќе од 5 часа.

Успехот на НАТО неделата може да се мери преку многу различни индикатори, каде што постигна многу рекордни успеси до сега.