| 16 меѓународна конференција на Атлантскиот Совет на Албанија |
|
| E enjte, 26 Dhetor 2013 13:47 |
|
На 20 декември 2013 година, Атлантскиот Совет на Албанија ја организираше својата 16та годишна меѓународна конференција со наслов “За поголема улога на балканските држави во меѓународната безбедност”, во хотел Мондиал, Тирана. Г-дин Рамадани говореше во првата сесија заедно со претседателот на Атлантскиот Совет на Албанија, г-дин Ариан Старова и потпретседателот на Светската Атлантската Асоцијација, г-дин Фабрицио Лучиоли. Исто така, на оваа конференција имаше говорници од Албанија, Црна Гора, Косово, Италија, Грција, Турција, Босна и Херцеговина и Хрватска. Конференцијата беше посетена од 150 учесници од различен профил како безбедносни експерти, студенти, претставници од дипломатскиот кор во Тирана, воени офицери, професори, членови на Атлантскиот совет на Албанија, новинари итн.
|