Отворен ден на Евро – Атлантскиот Совет на Македонија Shtyp
E martë, 25 Shkurt 2014 12:51

Евро-Атлантскиот Совет на Македонија како невладина организација, во своето дејствување покрива специфична област за Република Македонија како што се евро-атлантските интеграции и промоциjа на евро-атлантската идеја и вредности во нашето општество.

1

Како член на Атлантската Асоцијација (АТА) претставува дел од мрежата на 40 национални асоцијации кои ја сочинуваат АТА и во таа насока остварува широка меѓународна соработка во самата АТА, со нејзините членови – националните организации како и со структурите на НАТО и ЕУ.  

Со цел почеток на новата година, ЕАСМ го организираше следниот настан:  “Отворен ден на Евро – Атлантскиот Совет на Македонија“, проект што претставуваше резиме на неколку активности.

Целта на проектот “Отворен ден на Евро – Атлантскиот Совет на Македонија“ е да го презентира сработеното во изминатиот период, да ги најави новите идеи и проекти, како и да покаже отвореност за сите кои се заинтересирани за ширење на евро – атлантската идеја и евро – атлантската интеграција на Република Македонија. Исто така, силно ќе и промовира на поширокота јавност сето сработено на патот на интеграција на Република Македонија во НАТО.

Главен акцент беше ставен на промоцијата на публикацијата “Регионален Пост – ИСАФ ангажман – научени лекции и наследство за А – 5 земјите за идните експедициони мисии”.

4

 На Отворениот ден на Евро – Атлантскиот Совет на Македонија говореа:
•    Исмет Рамадани, потпретседател на Евро – Атлантскиот Совет на Македонија
•    Фатмир Бесими, вицепремиер за евро – интеграции на Република Македонија
•    Талат Џафер, министер за одбрана на Република Македонија
•    Александар Александров, шеф на канцеларија за врска на НАТО во Република Македонија
•    Методи Хаџи Јанев, заменик декан на воената академија “Генерал Михајло Апостолски”

Настанот го отвори г-дин Исмет Рамадани, потпретседателот на Евро – Атлантскиот Совет на Македонија. Во својот говор тој ги истакна целите на настанот и ја најави промоцијата на публикацијата “Регионален Пост – ИСАФ ангажман – научени лекции и наследство за А – 5 земјите за идните експедициони мисии”. Тој наведе дека оваа публикација е резултат на едно регионално истражување кое вклучи шест држави и регионална конференција на која присуствуваа високи претставници од НАТО, релевантните државни институции во Република Македонија, претставници од амбасадите и експерти од регионот.

Г-дин Рамадани исто така ги промовираше и новите работни групи во младината на Евро – Атлантскиот Совет на Македонија, кои ја започнаа својата работа.

5

На крај, г-дин Рамадани го најави и годишното собрание на Евро – Атлантскиот Совет на Македонија кое ќе се оддржи во 2014 година.

Следен говорник беше Вицепремиерот г-дин Фатмир Бесими, кој наведе дека евро – атлантската интеграција на Република Македонија е стратегиски и реален приоритет. Понатаму во својот говор, г-дин Бесими се концентрираше на евро интеграцијата на Република Македонија.
Најмногу г-дин Бесими ги истакна придобивките кои ќе ги има Република Македонија од евро интеграцијата:
•    Зајакнувањето на внатрешната и меѓу – етничката стабилност
•    Промовирањето на демократските вредности и човековите права
•    Стабилен амбиент за инвестирање
•    Реформи на правниот и економскиот развој

Следен говрник на настанот беше министерот за одбрана, г-дин Талат Џафери. Министерот им упати искрени честитки до младите истражувачи кои вложиле огромни напори со цел да придонесат во подоброто разбирање на регионалниот ангажман на земјите од САД –Јадранската повелба во пост ИСАФ мисијата во Авганистан „Одлучна поддршка“.
Тој истакна дека Република Македонија целосно е подготвена да го продолжи учеството во меѓународните операции после 2014 година. Понатаму министерот истакна дека Република Македонија интензивно работи и практично да ги имплементира регионалните проекти за обука и воени способности.    

Исто така, Република Македонија во 2014 година по втор пат ќе биде дел и од Борбената група на Европската Унија 2014-2 под водство на Кралството Белгија и заедно со Германија, Луксембург, Кралството Холандија и Кралството Шпанија.

3

На крај министерот истакна дека Владата го усвои Долгорочниот план за развој на одбраната на Република Македонија: 2014-2023 (ДПРО), чии дел е и Планот за модернизација и опремување на АРМ. Согласно ДПРО и одобрената финансиска конструкција од страна на Владата, буџетот за одбрана планирано е континуирано да се зголемува од сегашните 1,17% од БДП до 1,60% од БДП во 2023 година. Со ДПРО, планирано е во наредните десет години да се инвестира најмалку 215 милиони евра во опремувањето и модернизацијата на Армијата.

Следен говорник на настанот  беше полковникот Александар Александров, шеф на канцеларијата за врски на НАТО во Скопје. Тој цени дека истражувањето направено од младите е важна студија и за Алијансата и тие лекции треба да бидат земени во предвид во идните можни распоредувања на НАТО. Уште еднаш високо го оцени и се заблагодари на огромниот придонес што го дава Република Македонија во регионалниот и светскиот мир и стабилност, преку учеството во меѓународните мировни мисии.

2

На крај говореше потполковник Методи Хаџи Јанев.  Хаџи Јанев како директор на проектот истакна дека со проектот покажавме дека има евроатлантска иницијатива. Понатаму истакна дека во Авганистан она што фали во моментот е цивилната компонента и истражувањето покажа дека имаме ниска свесност за ваков ангажман.

Понатаму истакна дека е од огромна важност инволвирањето на приватните компании и академската сфера.
На крај, за академската сфера истакна дека нема оддел што стимулира вакви истражувања за искористување на регионалните капацитети.

Настанот се оддржа во Дом на АРМ, 24 февруари 2014 година (понеделник).