|

На 24ти мај 2016, делегација од младината на Евро – Атлантскиот Совет на Македонија (АТА Македонија), учествуваше на работилница за социјални мрежи во седиштето на НАТО во Брисел, Белгија.

Нашите делегати Г-дин Илија Џугуманов, Претседателство на АТА Македонија и Претседател на ЈАТА Македонија и Г-ца Дина Арнаут, извршен директор за социјални мрежи, учествуваа на работилницата заедно со делегати од Босна и Херцеговина, Црна Гора, Србија, Албанија и Турција.

Овој тренинг успешно служеше како прилика за нашата организација да се вклучи уште повеќе во социјалните мрежи и да ја продолжи промоцијата на евро – атлантските вредности на уште подобар начин.
Оваа работилница се состоеше од две сесси со високи говорници, испратено со прашања, дебата и квалитетни дискусии.
Настанот го отвори Г-дин. Зсолт Рабаи, Програм Службеник, Дивизија за Ангажман на НАТО и накратко ги брифираше учесниците за НАТО агендата за претстојниот Самит во Варшава.
Програмa: 09:15 Брифинг и дискусија за НАТО агендата за претстојниот Самит во Варшава од страна на Г-дин. Зсолт Рабаи, Програм Службеник, Дивизија за Ангажман на НАТО – НАТО Дивизија за Јавна Дипломатија
10:30 Брифинг и дискусија за партнерствата на НАТО со посебен фокус на Балканот, од страна на Г-дин. Лори Вокер, Службеник, Секција за Евро – Атлантско и Глобално Партнерство, Политика и Безбедност
11:30 Брифинг и дискусија за справување со предизвиците од Југот и Северот, од страна на Г-дин. Габриел Касконе, Службеник. Секција за Стратешка Анализа, Дивизија за Безбедносни Предизвици
12:30 Ручек
14:00 Брифинг и дискусија за дигиталниот досег на НАТО и Развивање на Он-лајн Технологија, од страна на Г-дин. Пол Магис, Центар за Комуникациски Технологии, Дивизија за Јавна Дипломатија
14:50 Брифинг и дискусија за Социјалните Мрежи на НАТО: Најдобри начини за креирање на материјал и водење на каналите, од страна на Г-дин. Николас Ман и Г-дин. Аксел де Мил, Координатори, Социјални Медиуми на НАТО, Дивизија за Јавна Дипломатија
15:40 Брифинг и дискусија за Дигитална Аналитика на НАТО: Надгледување и Извршување, од страна на Г-дин. Френки Саегерман, Дигитални Аналитики, Дивизија за Јавна Дипломатија
Овој тренинг за социјални медиуми претставува успешна соработка помеѓу ЈАТА Македонија и НАТО, но и помеѓу делегатите од регионот.
Работилницата за Социјални Мрежи е целосно поддржана од Дивизијата за Јавна Дипломатија на НАТО.
|