Интервјуа – 1 дел Shtyp
E martë, 30 Nandor 2021 11:11

Во рамки на проектот „Информации против Дезинформации: Градење на отпорност кон дезинформациски практики во пост-Ковид опкружување во Северна Македонија“ кој е поддршан од НАТО Секторот за Јавна Дипломатија, Евро – Атланскиот Совет на Северна Македонија во втората половина на месец ноември 2021 имаше продуктивна недела и ги одржа првите две интервјуа во рамките на овој проект.

3

Во интервјуата учествуваа експерти и млади професионалци поврзани со тематиката на истражувањето. За време на разговорот добивме одговори и видувања поврзани со дезинформациите и за тоа какво влијание имаат тие врз употребата на вакцини, довербата во домашните институции, кои држави во светот добро се справија со пандемијата итн.

Целта на овие интервјуа е да се даде стручно мислење за состојбите за време на пандемијата и за влијанијата на дезинформациите врз перцепцијата на граѓаните кон домашните власти, вакцините, но и странските актери.

4

Проектот на кој работи Евро – Атланскиот Совет на Северна Македонија е ориентиран кон младите и негова примарна цел е да го намали неселективниот прием на дезинформации, кои се се поприсутни во новата реалност во Северна Македонија, во голема мера како нуспроизвод на пандемијата Ковид-19, како и да изгради долгорочна отпорност на општеството преку едукација и информативни алатки и техники.