Новите демократски Wo/Men од западен Балкан Shtyp
E premte, 02 Tetor 2020 08:42
There are no translations available.

АТА Македонија има задоволство да ви го презентира нашиот најнов проект „Новите демократски Wo/Men од западен Балкан- зголемување на младинското учество во демократија“  којшто е подржан од Меѓународниот Вишеградски Фонд.
Главната цел на проектот е да ја зголеми свесноста за демократските процеси помеѓу младите од Западен Балкан и да го зацврсти младинското учество во процесот на креирање политики.

Во текот на проектот, младите луѓе ќе:

✅ бидат вклучени во различни реални и вистинки политички теми кои претставуваат предизвик за народите,
✅ решаваат проблеми со кои се соочуваат народите, моделирани според различни вистински проблеми,
✅ научат за важноста на лидерството, организирањето и да се биде инволвиран во локалниот и националниот активизам, и
✅ да го прилагодат своето знаење и вештини со цел да бидат способни да станат активни граѓани што промовираат демократија.

Ние очекуваме соработка со нашите партнери од Босна и Херцеговина, Полска, Црна Гора, Словачка, Унгарија и Чешка.
Бидете во тек за повеќе информации!