| Генерација Z: Градење отпорност кон дезинформации |
|
| E hanë, 25 Tetor 2021 12:33 |
|
There are no translations available. Евро - Атлантскиот Совет на Северна Македонија во партнерство со Атлантскио Клуб на Бугарија, поддржан од Стејт Департментот на САД е дел од проект насловен „Генерација Z: Градење отпорност кон дезинформации “. Ова заедничко истражување се фокусира на откривање на значењето и последиците од мемињата со политичка содржина, како и на одговарање на прашањето кои се пропагандните техники кои се користат во овие слики со забавна содржина што секој од нас ги гледа на социјалните мрежи. Во првата фаза од овој проект беше спроведено истражување на повеќе од 1000 мемиња на политички, економски и социјални теми распространети во Бугарија и Северна Македонија. Студијата ја води д-р Преслав Наков, Виш Научен Соработник, I степен, на Катарскиот Институт за компјутерски студии и доктор по компјутерски науки од Калифорнискиот Универзитет Беркли, САД. Вториот дел од овој проект има за цел организирање на 3-дневен тренинг во Скопје за медиумска писменост и борба против лажните вести, наменет за студенти и млади професионалци - новинари, вработени во невладини организации и институции. Оваа обука ќе користи методологија која ги задоволува потребите на учесниците и ја одразува средината која брзо се менува. Активностите ќе вклучуваат презентации, предавања, аналитички и практични семинари, работилници, интерактивни дебати, тимска работа и вежби за градење тимски способности. Во проектот ќе бидат вклучени 30 студенти и млади професионалци од Северна Македонија и Бугарија кои ќе: - Постигнат вештини за медиумска писменост со цел да можат да идентификуваат лажни информации на социјалните медиуми; - Изградат способности за користење разни алатки за анализа на медиумска содржина на политички, економски и социјални теми со цел да станат активни граѓани во дигиталниот свет; - Ја проучат употребата на мемиња на социјалните медиуми за дезинформациски цели и пропаганда; - Научат повеќе за медиумската средина и слободата на изразување во Бугарија и Северна Македонија. |