| Еленовски за важноста на Smart Defence концептот во Тирана, Албанија |
|
| Понеделник, 30 Април 2012 16:52 |
|
Г-дин Лазар Еленовски, претседателот на Евро-Атлантскиот Совет на Македонија и потпретседателот на Светската Атлантска Асоцијација – АТА, во периодот од 26-28 април 2012 учествуваше на меѓународната конференција во Тирана, Албанија посветена на новиот концепт на НАТО, Smart Defence. На конференцијата беше поздравен новиот Smart Defence концепт, во пресрет на Самитот на НАТО во Чикаго, САД. На конференцијата беше нагласено дека се очекува концептот да биде усвоен за време на Самитот во Чикаго. Говорниците ја изразија рационалната потреба од ефикасно заедничко трошење во време на криза и користа која би ја имале земјите и НАТО од заедничките проекти и соработка. |