Вести:
You are here: Почетна|Медиа Центар|Вести|Еленовски за важноста на Smart Defence концептот во Тирана, Албанија
Еленовски за важноста на Smart Defence концептот во Тирана, Албанија PDF Печати Е-пошта
Понеделник, 30 Април 2012 16:52

Г-дин Лазар Еленовски, претседателот на Евро-Атлантскиот Совет на Македонија и потпретседателот на Светската Атлантска Асоцијација – АТА, во периодот од 26-28 април 2012 учествуваше на меѓународната конференција во Тирана, Албанија посветена на новиот концепт на НАТО, Smart Defence.



За време на конференцијата претседателот Еленовски својот придонес го даде на темата ”Важноста на Smart Defence пристапот.

На конференцијата беше поздравен новиот Smart Defence концепт, во пресрет на Самитот на НАТО во Чикаго, САД. На конференцијата беше нагласено дека се очекува концептот да биде усвоен за време на Самитот во Чикаго. Говорниците ја изразија  рационалната потреба од ефикасно заедничко трошење во време на криза и користа која би ја имале земјите и НАТО од заедничките проекти и соработка.



Покрај Еленовски учесници на меѓународната конференција беа албанскиот министер за одбрана, г-дин Албер Имами, претседателката на собранието на Албанија, г-ѓа Јозефина Топали, високиот НАТО претставник од НАТО секторот за одбранбено планирање и “Smart Defence” г-дин Холгер Бахле, претседателите на атлантски асоцијации од Италија, Грција и Црна Гора, г-дин Фабрицио Лучоли, г-дин Теодосис Георгиу и г-дин Саво Кентра и многу други експерти на конкретната тема.

 

Публикации