Вести:
Tools
You are here: Почетна|Медиа Центар|Вести|Регионална работилница за градење отпорност: „Зголемување на свеста за хибридните закани – Зајакнување на отпорноста во Западен Балкан“
Регионална работилница за градење отпорност: „Зголемување на свеста за хибридните закани – Зајакнување на отпорноста во Западен Балкан“ PDF Печати Е-пошта
Четврток, 11 Мај 2023 09:15

Од 5-ти мај до 8-ми мај 2023 година, Евро-Атлантскиот Совет на Северна Македонија и девет партнери од балканските и Вишеградските земји, ја коорганизираа Регионалната работилница за градење на отпорност во Охрид.

1

Регионалната работилница за градење отпорност е дел од проектот наречен „Зголемување на свеста за хибридните закани – зајакнување на отпорноста во Западен Балкан“ чија цел е да го зголеми капацитетот на граѓанското општество од Западен Балкан во борбата против дезинформациите за зајакнување на демократијата, отпорноста на општествата, интеграција во ЕУ и социо-економски развој преку подобрување на нивните вештини и знаења преку дискусии со експерти од различни земји.

Првата регионална работилница за градење отпорност ги научи младите лидери на НВО/ГО како да ги анализираат проблемите на одредени земји од Западен Балкан и како да ги препознаат достапните податоци кои се вредни и веродостојни. Оваа обука, исто така, ги научи учесниците да подготват кратки, информативни и ажурирани анализи користејќи веродостојни и проверени податоци. Главната цел е учесниците да се здобијат со вештини кои ќе им овозможат да разликуваат извори кои носат непристрасни и засновани на факти информации од лажни вести и дезинформации.

На официјалното отворање учествуваа г-ѓа Славјанка ПЕТРОВСКА, министер за одбрана на Република Северна Македонија, г-дин Филип ТОСЕВСКИ, државен секретар на Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија и г-дин Исмет РАМАДАНИ, претседател на АТА Северна Македонија. Воведничар во темата беше г-дин Илија ЏУГУМАНОВ, проект директор и генерален секретар на АТА Северна Македонија.

Во текот на првиот ден од работилницата, беа опфатени следните теми од експерти од Западен Балкан и Вишеградските земји:

- Хибридни закани во контекст на Западен Балкан, Јан Цингел, Стратегиска анализа
- Студија на случај на хибридни закани: неспоредливи споредби на Русија на независноста на Косово со агресијата во Украина, Лулзим Пеци, Косовски институт за политика
- Стратегиска комуникација и важност на општествената отпорност во борбата против дезинформациите – искуството на Чешка, Павел Хавличек, Здружение за меѓународни односи
- Градење отпорност на практики на дезинформација во пост-Ковид опкружувањето, Конрад Павловски, Институт за Централна Европа
- Градење отпорност на практики на дезинформација – искуството на Унгарија, Дорка Такачи, Центар за евроатлантска интеграција и демократија
- Градење отпорност во ерата на хибридни закани и заштита на критичната инфраструктура, проф. Весна Поповска, Универзитет Визион

Во текот на вториот ден од работилницата, беа опфатени следните теми од експерти од Западен Балкан и Вишеградските земји:

- Социјални медиуми и дезинформации: Како да се остане отпорен, Милан Јовановиќ, Атлантски совет Црна Гора
- Политичка војна: моделите на вестите што содржат дезинформации, Дино Крчиќ, Атлантскиот совет Србија
- Важноста на независноста на медиумите од влијанието на политичките, верските и другите субјекти на моќ, Јуџина Ѓони, YATA Албанија
- Дезинформациите како дестабилизатор на безбедноста во регионот на Западен Балкан, Хамза Карчиќ, Форум за соработка и истражување
- Јавен говор на омраза: пропаганда и говор на омраза спонзорирана од државата во Централна Европа, Александра Тотова, Стратегиска анализа
- Пропаганда и дезинформации: Србија меѓу Русија и Западот, Ивана Петронијевиќ Терзиќ, Демостат Србија
- Вештачката интелигенција (ВИ) како револуционерна алатка за спротивставување на дезинформациите и обликување на јавното мислење со фокус на Србија, Тамара Бајчиќ, Атлантскиот совет Србија


На третиот и последен ден од работилницата, учесниците беа избрани во мешаните работни групи со нивните ментори и беа издадени сертификати.
Целта на проектот е да се зајакне отпорноста на младите од регионот на Западен Балкан, кои се чини дека се ранливи на влијанието на пропагандата, дезинформациите и хибридните закани кои го поткопуваат процесот на демократизација во регионот. Преку мобилизација и активирање на ГО во регионот на Западен Балкан, не само што би го зајакнале критичкото размислување на младите, туку уште поважно, би ја подигнале свеста за дезинформациите во онлајн просторот. Влијанието на проектот ќе биде да се создаде мрежа на активни идни лидери кои ќе дејствуваат како мултипликатори во нивните заедници, со што ќе се адресираат хибридните закани и дезинформации во Западен Балкан.


Проектот е финансиран од Меѓународниот Вишеградски фонд и МНР на Република Кореја.


2

3

4

5

6

7

8

9

grupna

Проектот е поддржан од:

vise.jpg Ministry-of-Foreign-Affairs-Korea

Проектот се реализира:

atamacedonia

startegig

AMO.jpg crna gora
albania FSI
ceid srbija
iesw kipred

 

 

Публикации

3natosim